Хроника

Лекар и медицинска сестра од Клиничкиот центар во Скопје шверцувале ботокс вреден 10 илјади евра, лажно го прикажале како „козметички производи“!

Царинската управа поднесе кривична пријава против доктор и медицинска сестра од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, кои се обиделе да прошверцуваат вкупно 199 вијали со ботокс во вредност од 615 илјади денари (околу 9.900 евра) преку поштенска пратка, пријавена како козметички примероци со вкупна вредност од 80 долари. Во предистрагата е утврдено дека докторот од Универзитетскиот клинички центар нарачал 199 вијали со ботокс во вредност од 615 илјади денари од корејска компанија од Кореја, но се договорил во фактурата да бидат прикажани како 10 козметички производи.

Против двајцата е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје, поради кривични дела, шверцување и царинска измама, соопштуваат од Царинската управа. Случајот го откриле цариници од Царинска филијала Скопје 1 при детална контрола на поштенска пратка пријавена за увозно царинење, за која била приложена фактура за 10 козметички примероци. При отворање на пратката царинските службеници откриле 199 вијали со ботокс, кои се користат во естетската медицина и кои не биле наведени во фактурата.

Одделението за истраги поведе посебни предистражни дејства и по налог на јавен обвинител извршен е претрес на три локации. „Во предистрагата е утврдено дека првоосомничениот, вработен како доктор на Универзитетскиот клинички центар ‘Мајка Тереза’, нарачал 199 вијали со ботокс во вредност од 615 илјади денари од компанија од Република Кореја и се договорил во фактурата да бидат декларирани како 10 парчиња козметички производи со вкупна вредност од 80 долари. Потоа, од второосомничената, вработена како медицинска сестра на Универзитетскиот клинички центар ‘Мајка Тереза’, побарал да биде наведена како примач на стоката, која му помогнала во вршење на кривичните дела на начин што се согласила нарачката да пристигне на нејзино име и адреса и фактурата ја платила од својата трансакциска сметка“, соопшти Царинската управа.

Царинската управа на Македонија укажува дека увозот на ботокс е строго регулиран и подлежи на посебни дозволи од надлежни институции и секоја измама поврзана со увоз на ваква или слична стока е опасност за здравјето на граѓанит. “Нема да има никаква толеранција кон сите што се обидуваат да работат спротивно на законот.“ – порачува Царинската управа.

Најнови вести од: Хроника

Серискиот убиец од Старо Нагоричане пред суд: Обвинет за четири убиства и два обида за убиство од јануари 2025 до февруари 2026 во Кумановско

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе обвинение против 25-годишник од Старо Нагоричане, поради четири убиства и два обида за убиство извршени во период од јануари 2025 до февруари 2026 година на подрачјето на кумановскиот регион. Според Обвинителството, обвинетиот се гони за кривично дело убиство и два обида за убиство. Според наводите, со умисла лишил од живот повеќе лица и затоа , му се заканува казна затвор од најмалку десет години, или доживотен затвор.

Во Скопје, Тетово, Кичево и Струга приведени 11 лица – кај нив била пронајдена дрога!

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ Македонија уапсија 11 лица, кај кои била пронајдена дрога. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Лишен од слобода М.Р. (54), оти ги нападнал И.И. (6) и неговиот син во казино во Гостивар со метален предмет и спреј за очи

На 18.06.2026 22:00 часот на ул.„Илинденска“ во Гостивар, полицијата го лиши од слобода М.Р.(54) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од И.И.(60) од Гостивар дека околу 21:00 часот физички го нападнал него и неговиот син во казино, при што употребил и метален предмет и спреј за очи.

To top