На вечен пат денеска ја испраќаме д-р Емилија Котевска Аврамчева – истакната специјалист невролог, посветена лекарка, научна работничка, човек со големо срце и силна волја.
Д-р Котевска Аврамчева потекнуваше од семејство на дете бегалец од Егејска Македонија, а самата стана столб на македонската дијаспора во Полска.
Нејзиниот животен пат од Македонија преку Полска и назад ја претвори во вистински мост на разбирање, соработка и зачувување на македонскиот идентитет во странство.
Како искусен невролог и сопственик на лиценциран медицински ентитет во Македонија, таа активно придонесуваше за подобрување на здравствената грижа и отворено зборуваше за иновативни пристапи во лекување на хронични заболувања.
Нејзината лична приказна за успешно справување со дијабетесот инспирираше многумина да бидат активни учесници во сопственото лекување.
Останува споменот за нејзината професионална чесност, топлина, неуморна енергија и непоколеблива љубов кон Македонија.
Поврзана вест
Македонката била вратена во живот по реанимација но ја загубила битката во болница
Најчитани вести
Внимание испровоцирано од бугарски радикали кое звучи како закана од бугарскиот амбасадор за македонски медиуми