Македонија

Насилници среде Скопје уништуваат јавно добро (ВИДЕО)

Веќе се откриени и ќе одговараат

Два дена по ред, околу 22:30 часот, иста група млади лица со мотори вандализираат училишен двор во Аеродром.

Насилниците превртуваат контејнери, оштетуваат урбана опрема и оставаат сериозен неред во простор наменет за учениците и граѓаните, објави градоначалникот на Аеродром Дејан Митевски..

Лицата се идентификувани и против нив е поднесена соодветна пријава.

,,За жал, вакво неодговорно однесување е забележано и на повеќе локации низ општината – со уништување на урбана опрема, детски игралишта и други јавни содржини. Затоа, во соработка со МВР, ги засилуваме контролите и надзорот на критичните локации. Таквото однесување нема да биде толерирано. Погледнете го видеото и видете како изгледа неодговорноста која ја плаќаат сите граѓани”, вели градоначалникот Митевски.

Најнови вести од: Македонија

To top