Македонија

Во Битола се одржа ,,Контра парада на гордоста”

Никого не навредуваме, ниту клеветиме, секој има свое право, а на овој начин ние го кажуваме нашето право на мислење

Во Битола вчера се одржала контра – Парада на гордоста наречена „Вистинска парада на гордоста“ .

Според Игор Петковски, претставник на организаторот, ова било контра марш на Парада на гордоста што се одржа попладнево во Скопје.

,,Маршот „Вистинска парада на гордоста“ се одржува по шести пат, спонтано и е одговор на контра парадата што вечерва се случува во Скопје. Сакаме да ги истакнеме начелата од кои ние сме водени. Тука сме за да ги одбраниме нашите вистини, нашите права, да покажеме зошто треба вистински да сме горди, и ако на нешто треба да бидеме горди, тоа се домот, семејството, родителството и на нашите деца”, смета Петковски.

,,Самиот Господ Бог вели, женете се, мажете се и наполнете ја земјата со луѓе, тоа и ние го мислиме и го кажуваме на овој настан. Ние не шириме омраза, никого не навредуваме, ниту клеветиме, секој има свое право, а на овој начин ние го кажуваме нашето право на мислење”, изјавил за МИА, Петковски.

Вчера во Скопје се одржа парада на гордоста за Македонската ЛГБТ заедница.

Сме постоеле и ќе постоиме, порачаа учесниците на скопската парада на гордоста

Сите нека знаат – Во Скопје одржана парадата на гордоста (ВИДЕО)

Најнови вести од: Македонија

Љутков го следеше изгрејсонцето на летната долгоденица на Кокино

Особено впечатлив е феноменот на летната долгодневица, кога од точно определена точка на локалитетот изгрејсонцето може да се набљудува низ специфичен карпест процеп, што претставува една од најпрепознатливите особености на Кокино

Бојковска: Доказ за посветеноста на Владата кон европскиот пат е исполнетоста на Реформската агенда

Нашата задача од првиот ден беше да бидеме први во регионот, не само да исполнуваме, туку да докажеме дека Македонија не мора секојпат да потклекнува, не мора секојпат да моли, туку да биде и пример како може да се победува

To top