Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: За да го зајакне, Филипче ќе го продаде идентитетот

По стапките на Заев, подготвени се и СДС и Филипче на нова национална отстапка, само за да успеат да се додворат на Радев, очекувајќи дека некој ќе ги донесе на власт

Венко Филипче вели дека Бугарија не го негирала македонскиот идентитет, иако ставовите на официјална Софија се јасни по ова прашање, дека сметаат оти македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, дека македонскиот и бугарскиот народ.

Иако Филипче јасно тврдеше дека не слушнал никој до сега како источниот сосед го негира македонскиот идентитет, сепак успеа да ги усогласи своите ставови со бугарското МНР.

Тој вели дека идентитетот би се зајакнал ако Македонија ги внесе Бугарите во Уставот, и тврди дека не бил загрозен на тој начин, иако Бугарија не го испорачува својот дел од обврските, велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија велата дека Филипче ја обвинуваше својата држава дека создавала вештачки конфликти со соседите.

„Заев еднаш веќе го отвори Уставот, а Филипче чека да дојде на ред за да го направи истото. По стапките на Заев, подготвени се и СДС и Филипче на нова национална отстапка, само за да успеат да се додворат на Радев, очекувајќи дека некој ќе ги донесе на власт, затоа што народот веќе се има изјаснето дека нема да ги гласа.

Притоа, СДС и Филипче како опозиција се целосно отсутни, бојкотираат работни групи, одбиваат дијалог, и не признаваат ништо што Владата направила и што е добро за граѓаните. Нивната цел и стратегија се сведува само да се вратат на власт, без разлика по која цена и преку какви компромиси.

СДС и Венко Филипче сметаат дека не се тие криви за ваквите политики на распродажба, на редефинирање на историјата, туку народот е крив оти не ги гласа.

Комплетно ја обезличија Македонија додека беа на власт, ја испразнија државната каса, а државата исто така ја опустошија. И сега сакаат народот пак да им верува и да ги гласа по сите предавства што ги направија“, се додава во соопштението.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ќе дојде ден кога незрелите лидери од опозицијата ќе се срамат, поради тоа им го прават на Македонија и граѓаните

Ќе дојде денот кога ќе се срамат за она што им го прават денеска и на граѓаните и на Македонија – рече кусо македонскиот премиер Христијан Мицкоски како одговор на постојаните напади од опозицијата дека власта го кочи евроинтегративниот процес на Македонија.

Бугарите „јуришаат“ на „Самуил, владетелот на бугарската држава“, но за врвни светски научници тој е „македонски цар“ на „македонска држава“! (3)

Продолжуваат и денес, на 7 октомври 2026 посети и поклонувања на Бугари пред саркофагот со „посмртните останки на нивниот највелики бугарски владетел Самуил “ во Софија. Продолжува со тоа и и градењето на националниот идентитет, средновековната бугарска државност и на историјата на Бугарите на сметка на македонскиот идентитет и историја, на македонската државност, чиј еден од темелните столбови е и Самуил. Тој е споменат нималку случајно и во државотворниот „Манифест од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ“ од 2 август 1944 година.

На инспектори им исекле гуми на возило за да не се дознае кој нелегално користи социјални пензии

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека се откриени повеќе од 4.500 корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност кои ги земале парите без да ги исполнуваат условите, а меѓу нив имало починати лица, иселени граѓани и фиктивни корисници.

To top