Македонија

Мицкоски: Редно е трговците да ги намалат цените инаку….

Мојата порака ќе биде јасна, завршува кризата, граѓаните беа толерантни, сега е време тие да им се оддолжат на граѓаните и веднаш да пристапат кон намалување на цените на производите, особено на основните прехранбени производи, рече премиерот

 

Премиерот порача дека периодот на криза е зад државата и дека сега е време компаниите да им возвратат на граѓаните за трпението што го покажале во изминатиот период.

„Граѓаните беа толерантни, сега е на ред трговците, дистрибутерите и маркетите да им се одолжат со намалување на цените. Очекувам веднаш да пристапат кон корекција на цените, особено на основните прехранбени производи“, порача Мицкоски.

Премиерот нагласи дека Владата располага со механизми за интервенција доколку не дојде до доброволно намалување на цените и порача дека нема да прифати оправдувања од страна на трговците.

„Оправдувања и изговори не прифаќам. Ако не се види реакција од маркетите, дистрибутерите и производителите во следните денови, Владата ќе реагира“, истакна тој.

„Доколку не се види реакција од нив во следниве денови, ќе реагираме и тоа на долг рок. Ќе напрвавиме споредба какви се цените во маркетите во некои соседни земји и ако треба некои маркети со име ќе ги објавуваме“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по работна средба со претставниците на Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА).

Мицкоски не прецизираше колкаво намалување на цените очекува, но потенцираше дека корекција мора да има, особено кај производите што се дел од секојдневната потрошувачка.

 

Најнови вести од: Македонија

Ќучук побара во Европскиот парламент: „Европските институции сериозно да одговорат на говорот на омраза и непочитувањето на преземените обврски од РСМ“?!

Бугарскиот европратеник и поранешен известувач за Македонија Илхан Ќучук во обраќањето пред Европскиот парламент изнесе тврдење дека е „потребна реакција за опожарувањето бугарски дипломатски возила во Скопје“. Тој побара „сериозен одговор од европските институции“ и се пожали дека „тоа било последица од говорот на омраза и непочитувањето на преземените обврски“ од страна на Македонија.

Членство на Република Македонија во „Вишеградската група“ на ЕУ-држави, заради одбрана на македонската вистина, идентитет, јазик и историја (2)

Европски експерти и аналитичари сугерираат дека на Македонија ѝ е потребно стапување во суверенистички сојузи и партнерства, макар и неформални да бидат во почетокот , заради одбрана на македонската вистина, идентитет, јазик и историја. Конкретно, потребно е поврзување со Вишеградската група (В 4) на држави (Полска, Чешка, Словачка, Унгарија), кои со децении го усовршуваат моделот на заштита на националните идентитетски специфики наспроти политиките на Брисел. Деновиве унгарскиот премиер Петер Маѓар им упати директен повик на државите од Западниот Балкан, кои не се сѐ уште членки на ЕУ, што значи и на Македонија, да влезат во Вишеградската група! Практично, Петер Маѓар самиот ѝ ја отвора вратата и на Македонија во „Вишеградската група! Поврзувањето со „Вишеградската група“ ѝ нуди на Македонија значајна лоби-платформа да ги брани многу посилно и многу поконкретно својата македонска вистина, својот идентитет, јазик и историја. Зашто, кој може да даде гаранции дека „бугарскиот волк нема да го изеде македонското јагне“, ако би влегол во „бачилото“ – уставот“?!

Агенцијата за вработување објави оглас за самовработување, до 10.000 евра за млади претприемачи

Денес e објавен Јавниот оглас за учество во програмата Самовработување. Аплицирањето се врши во 30-те центри за вработување и ќе трае од денес до 03.07.2026 година. Од Агенцијата за вработување на Република Македонија информираат дека селекцијата ќе се реализира во неколку фази, а целта е да бидат поддржани најдобрите бизнис-идеи и бизнис-планови.

Наместо нова идентитетско-историска капитулација со „Бугари во устав“ – поврзување со суверенистичка Европа за лобирања и борба за македонската кауза и ЕУ-патот (1)

Во јуни 2026 година ширум Европа, а особено во државите на ЕУ, се засилува трендот на политички иницијативи, програми и јавни барања за заштита на националниот идентитет, суверенитетот и политичката самостојност на државите од најразличните видови на закани кон овие клучни концепти во постоењето и дејствувањето на кој било народ и држава во Европа и светот. Таквите иницијативи, програми и барања доаѓаат не само од десничарски националистички партии, туку и од влади и државници на водечки европски држави и политички лидери од други земји од „евроклубот“, како од Германија, Франција, Италија, Холандија, Австрија, Полска, Словачка, потоа од влијателни државно-политички групации на европскиот континент, како што е „Вишеградската група“ на земји. Ја посочуваме и Швајцарија со пораките, кои извираат и од нивниот најнов референдум со демографско-идентитетски белези. Политичка Европа допрва ќе влегува во период кога државите и нивните институции, нивните водечки партии и политички елити ќе бараат сѐ повеќе нови механизми за заштита на националниот и државниот идентитет и суверенитет, културата, економијата и политичката самостојност. Лобирањата и борбата за македонската кауза и националната и јазична самобитност, како и за чекорењето по патот кон ЕУ само како Македонија и македонски народ, мора и може да се остварува сѐ повеќе во рамки на суверенистичка Европа.

Најнови вести

To top