Македонија

Мицкоски: Провокациите се дел од организирана бугарска кампања

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за МРТ, по повод две години од мандатот на Владата, изјави дека зад провокациите што се случуваат во последниот период стои организирана бугарска кампања, која се спроведува преку еден или двајца политички ликови во земјава.

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за МРТ, по повод две години од мандатот на Владата, изјави дека зад провокациите што се случуваат во последниот период стои организирана бугарска кампања, која се спроведува преку еден или двајца политички ликови во земјава.

„Ниски страсти и организирана кампања која овој период е забележлива. Ние сме зафатени со реконструкцијата и го користат слободниот простор, еден, двајца политички ликови во државава да се обидат да промовираат нешто кое никој не може да го прифати. Ова е еден поширок обид за влијание тука“, рече Мицкоски.

Тој нагласи дека во политиката многу малку верува во случајности.

„Ако некогаш помислиш дека работите во политиката се случиле случајно, верувај не е така, не си во право, затоа што ти само не си бил информиран тоа што некој го планирал“, додаде премиерот.

За односите со Бугарија

Мицкоски посочи дека ако за Македонија важи правилото дека договорот се почитува, тогаш тоа треба да важи и за Бугарија. Сепак, како што рече, источниот сосед не сака да ги исполни своите обврски, особено да ги спроведе пресудите на Судот за човекови права во Стразбур.

„Со други зборови ќе им дозволи на припадниците на македонската заедница да се организираат, културно, социолошки, општествено. Тие тоа не го прават, затоа што таа живковистичка политика која трае со децении, негаторска кон македонскиот идентитет им внесува страв во коски“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека бугарските политичари не се откажуваат од Протоколите 1 и 2, ниту од историската комисија, и потсети на говорот на сегашниот бугарски премиер од 2019 година во Санкт Петербург, каде си ги присвојува Кирил и Методиј и ја слави Санстефанска Бугарија.

Позицијата на Владата

Мицкоски беше дециден дека Владата нема намера да влезе во непредвидлив процес без јасни гаранции.

„Кога ќе ни каже некој да го смениме Уставот, добро, но што потоа? Нашата цел како влада е со мудрост, тактика, стратегија да се обидеме да го исправиме тоа кое е погрешно направено“, порача премиерот.

Најнови вести од: Македонија

Илиевска: ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги исполнува дадените ветувања и да работи во интерес на граѓаните. Една од најзначајните мерки за директно подобрување на животниот стандард е линеарното зголемување на пензиите за 7.000 денари за поголем број пензионери. Пред изборите ветивме дека ќе направиме сѐ што е можно за да обезбедиме линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари. И наместо тоа, Владата реализира уште повеќе и за пензиите, за секој пензионер линеарно ги зголеми за 7.000 денари, вели Дијана Илиевска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Над 40 проекти на првата конечна приоритетна листа за јавни инвестиции

Четириесет и еден предлог проект содржи Првата конечна приоритетна листа на предлог проекти за јавни инвестиции, што на предлог на Министерството за финансии и Комитетот за јавни инвестиции ја усвои Владата. Листата ги содржи предлог проектните идеи подготвени и проверени од страна на иницијаторот, односно институцијата којашто го има доставено, а потоа оценети од страна на Министерството за финансии и одобрени од Комитетот за јавни инвестиции.

Мицкоски: Жртвата на бранителите – трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена

„Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила, ден кога Македонија се сеќава на осумте македонски бранители кои ги положија своите животи за мирот и безбедноста на својата татковина.“ – објави претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на својот официјален фејсбук-профил.

To top