Македонија

Според СДСМ, затворените за „27 април“ беа осудени врз основа на докази, а не на политички налог

Партијата на Филипче рeагира на изјавата на Мицкоски дека судењето за настаните во Собранието е политички монтиран случај

СДСМ ја осуди изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека судскиот процес за настаните од 27 април 2017 година во Собранието е „политички монтиран случај“.

„Насилници со јасна намера влегоа во Собранието, да убиваат пратеници, да повредуваат новинари и вработени и да го урнат уставниот поредок. Тие беа осудени врз основа на докази, а не на „политички налог“. Сега Мицкоски сака да ги претстави како жртви и да ја рехабилитира насилната банда која го нападна Собранието, пратениците, новинарите, вработените“, се вели во соопштението на опозициската партија.

„СДСМ јасно и недвосмислено порачува: 27 април не е политички случај. Тоа е напад врз демократијата. Ние нема да дозволиме да се рехабилитираат насилниците. Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!“, порачаа од партијата на Венко Филипче.

 

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top