Свет

Радев ќе стави вето на нови ЕУ-санкции кон Русија

Бугарскиот премиер категоричен дека ќе стави вето затоа што ги штити бугарските национални интереси

 

„Не само што сум подготвен, туку ќе го направам тоа – ќе ставам вето на 21-от пакет санкции против Русија ако на списокот со санкции се вклучат рускиот патријарх Кирил и Вагит Алекперов.“

Ова го објави премиерот Румен Радев во Народното собрание.

Неговата изјава беше проследена со громогласен аплауз од владејачкото мнозинство на „Прогресивна Бугарија“.

Тој беше категоричен дека ќе стави вето затоа што ги штити бугарските национални интереси.

И по Орбан – Радев!

Новиот пакет санкции предложен од Советот на ЕУ е насочен кон 34 поединци и 47 организации. Мерките дополнително ќе го ограничат воено-индустрискиот комплекс на Русија, ќе ги ограничат приходите од енергија на Русија со таргетирање на нејзиниот таен поморски екосистем, ќе ги нарушат хибридните закани и ширењето на руската државна пропаганда што ја оправдува нејзината агресивна војна и ќе ја разоткријат систематската репресија и кршењето на човековите права на Русија, како и нејзиното постојано непочитување на Конвенцијата за хемиско оружје, соопшти Советот.

Мерките се насочени кон неколку производители и добавувачи на беспилотни летала и друга воена опрема за руските вооружени сили за употреба во нивната агресивна војна против Украина.

Најнови вести од: Свет

Анри Каган и Кенсо Соаи добија „Нобел“ за хемија

 Овогодишните добитници на Нобеловата награда за хемија за откривањето на нелинеарни ефекти и автокатализа во асиметричната органска синтеза се научниците Анри Каган и Кенсо Соаи. Тие ја добија Нобеловата награда за хемија  за откривањето на нелинеарни ефекти и автокатализа во асиметричната органска синтеза. Првата Нобелова награда што ја доделува шведскта акадмија на науките му била […]

To top