Свет

И по Орбан – Радев!

Бугарија би можела да стане првата земја-членка на ЕУ што ќе го блокира новиот пакет санкции против Русија ова лето

Премиерот Румен Радев ќе учествува на петтата Конференција на високо ниво за обнова на Украина, што ќе се одржи денес во градот Гдањск во Полска. Ќе учествуваат шефови на држави и влади, претставници на меѓународни организации, финансиски институции и бизниси.

На конференцијата ќе се дискутира за пристапите кон повоената обнова на Украина и критичните инфраструктурни и логистички врски во регионот.

Според Радев, Бугарија продолжува да ја поддржува Украина, но не со донации, бидејќи го достигнала ограничувањето на своите можности да обезбеди дополнителна воена и финансиска помош надвор од веќе преземените обврски.

Во вторникот, бугарскиот премиер изјави дека Бугарија работи за „траен и праведен мир во Украина, врз основа на меѓународното право и Повелбата на ОН“. Минатата недела, тој се изјасни и против некои од новите санкции на Европската унија против Русија.

Радев нема да дозволи санкции против Русија кои ѝ штетат на бугарската економија

Премиерот Румен Радев ќе стави вето на новиот пакет санкции на Европската унија против Русија, објавија бугарски медиуми.

Претходно Радев се изјасни против санкции кон Русија што негативно би се одразиле врз бугарската економија, како и против рускиот патријарх Кирил.

„Да не мешаме политика со религија. Денес во Софија реков дека времето на крстоносните војни е завршено. Оваа војна веќе ги надмина рововите. Се прошири на економијата, енергијата, гледаме дека влијае на културата и спортот, а сега останува да се опфати и религијата. Да, ќе ставиме вето“, нагласи премиерот.

Додека Унгарија и Словачка претходно го блокираа или забавија усвојувањето на санкциите против Русија, Бугарија никогаш не го употреби своето вето во овој процес.

Одлуката на Софија може да биде тест за единството на ЕУ во време кога Брисел се обидува да го зголеми притисокот врз Москва и да се приближи до можни разговори за прекин на војната во Украина.

По Орбан, и Маѓар со вето за Украина и Молдавија за ЕУ?!

 

Најнови вести од: Свет

EES системот повод за нова поделба во ЕУ

Франција, Белгија, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија побараа дополнително време за целосна примена на биометриските проверки на одредени гранични точки, особено на прометните аеродроми

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top