Македонија

Томовски: Злоупотребите на службените автомобили намалени за 70 отсто

Томовски оцени дека воведувањето на обоените регистарски таблички за службените возила дало конкретни резултати и дека злоупотребите се намалени за околу 70 проценти.

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) и организациски секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Томовски, најави пилот-проект за воведување на електрични возила, повика граѓаните да пријавуваат злоупотреби на службените автомобили и соопшти дека конечно е регулиран имотниот статус на државните објекти со кои располага Службата.

Томовски оцени дека воведувањето на обоените регистарски таблички за службените возила дало конкретни резултати и дека злоупотребите се намалени за околу 70 проценти.

„Искрено, задоволен сум. Можам да кажам дека околу 70 проценти е искоренета злоупотребата. Сигурен сум дека сè уште има поединечни случаи, најчесто кај пониските ешалони, но се надевам дека граѓаните се доволно свесни и ќе продолжат да пријавуваат неправилности“, рече Томовски.

Тој откри дека СОЗР започнува пилот-проект за набавка на три електрични возила, кои ќе бидат користени од курирските служби за транспорт на документација меѓу државните институции во Скопје.

„Во моментов правиме истражување на пазарот. Планот е да набавиме три електрични возила што ќе ги користат курирските служби. Ова ќе биде пилот-проект преку кој ќе провериме дали електричните возила се практично решение со постојната инфраструктура за полнење во државата“, изјави Томовски.

Осврнувајќи се на состојбата со државниот имот, Томовски рече дека при преземањето на функцијата биле затекнати сериозни нерегулирани состојби и дека дел од државните објекти, меѓу кои и репрезентативни вили, воопшто немале имотни листови.

„Не ми е јасно зошто никој претходно не се одлучил да ги легализира овие објекти. Направивме измени на законот, со што целиот државен имот што го користи Службата беше ставен на располагање на СОЗР, додека сопственоста останува на Република Македонија. Денес можам да кажам дека целиот имот со кој располага СОЗР има уредна документација и е ставен во функција на државата“, истакна Томовски.

Најнови вести од: Македонија

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција

Модернизиран команден центар, „Безбеден град“ ставен во функција во Велес

Новиот команден центар е сместен во целосно реконструирани и реновирани простории кои во минатото биле користени од Министерството за одбрана, а потоа околу 15 до 20 години не биле во употреба. Со нивното ставање во функција, СВР Велес добива современ простор од кој се реализираат активностите поврзани со системот „Безбеден град“

Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани

Овој крст ќе нè потсетува и на болката и трагедијата што се случи овде во нашиот град. На повредените нека им подари здравје, сила и поткрепа да закрепнат и дај Боже постојано да останеме во заедница, во љубов со Бога, со силата на крстот

СДСМ бара истрага за 5,5 милиони евра за прославата

Пет милиони евра народни пари кога ќе се потрошат, граѓаните мора да знаат секој денар, секое евро каде завршило. Владата мора да ги објави договорите, анексите, фактурите, банкарските исплати, примателите, изведувачите, добавувачите и пресметаните даночни обврски

Мицкоски: Потврдувањето на кредитниот рејтинг од страна на „Фич“ е уште една лоша вест за опозицијата

​Три години водат кампања дека секоја година само што не сме банкротирале, буџетот бил без пари, економијата назадувала и така натаму. ​Одговорите стигаат од сите страни, од Светска банка, од Меѓународниот монетарен фонд, еве и од сега од реномирани кредитни агенции како што е „Фич“

To top