Македонија

Почина професор Денко Скаловски

Телото ќе биде изложено на 09.07 во капелата во Ѓорче Петров од 12:00 до 13:00 часот, а погребот ќе се одржи во 13:00 часот

Почина д-р Денко Скаловски, редовен професор во пензија, информираат од Филозофскиот факултет во Скопје.

Д-р Денко Скаловски е роден во 1956 година во Скопје. Прво студирал театарска режија во Белград, а потоа филозофија на Филозофскиот факултет во Белград. Дипломирал филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје во 1981 година. Магистрирал во 1992 година со трудот „Етиката на одговорноста кај Ханс Јонас“, а докторирал во 2000 година со дисертацијата „Антиподи на современата филозофија на музиката“.

Во академската кариера бил избран за доцент во 2000 година, а за редовен професор во 2010 година. Во 2010 и 2015 година престојувал на постдокторски студии на Универзитетот „Јохан Волфганг Гете“ во Франкфурт на Мајна, под супервизија на проф. Аксел Хонет.

Неговите научни и истражувачки интереси опфаќаа филозофија, филозофија на родот, филозофија на културата, филозофија на уметноста (естетика), историја на родот и полот и социологија на спортот.

Телото ќе биде изложено на 09.07 во капелата во Ѓорче Петров од 12:00 до 13:00 часот, а погребот ќе се одржи во 13:00 часот.

-Изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, колегите, пријателите, студентите и сите што имаа чест да соработуваат со него. Нека почива во мир, велат од факултетот.

Најнови вести од: Македонија

Обвинение против газдата Трифун Костовски, син му и соработниците за стечајот на Еуростандард банка

Со одобрување кредити на кредитно неспособни и поврзани правни лица, без соодветни анализи и обезбедување, со прикривање на реалната финансиска состојба и ризиците, како и со неточно известување до Народната банка, пријавените придонеле банката да биде доведена во стечај, а доверителите да бидат оштетени во износ од 1.662.417.664 денари, или околу 27 милиони евра.

Сиљановска Давкова: Кредибилен партнер сме на НАТО, да се надмине лавиринтот на патот кон ЕУ

Убедена сум дека со политичка мудрост, заемна доверба и цврста посветеност можеме да креираме решенија во служба на мирот, стабилноста и безбедноста – објави претседателката.

To top