Македонија

Интерпол ќе ги обучува идните полицајци како да се борат со организираниот криминал

Полициската академија ќе им даде соодветна обука на идните млади полициски службеници за борбата со организиран криминал

Полициската академија ќе им даде соодветна обука на идните млади полициски службеници за борбата со организиран криминал. Ќе добијат и најнови меѓународни знаења, искуства и нови методи за работа како резултат на зајакнувањето на соработката меѓу Македонија и Интерпол. Со размена на експерти и обучувачи, нови наставни програми, организација на семинари и работилници, полицијата поефикасно ќе се справува со современите закани.

„Веруваме дека ваквата соработка ќе придонесе за создавање нови можности за академски и професионален развој, унапредување на меѓународната полициска соработка и подготовка на нови генерации на полициски службеници способни ефикасно да одговорат на современите безбедносни предизвици“– вели Влатко Митковски, раководител на центарот за обука при МВР.

Од Интерпол велат дека технологијата и вештачката интелегенција секојдневно го менуваат дејствувањето на криминалните мрежи, па поради тоа, соодветната обука е од големо значење. Извршниот директор ги охрабри кадетите да не се откажуваат – иако професијата бара голема одговорност, носи и чувство на исполнетоств во служба на татковината.

„Интерпол високо ја цени активната вклученост на македонската полиција во нашите глобални операции и иницијативи. Современите закани бараат меѓународен одговор, а Северна Македонија е доверлив партнер кој покажува професионалност, посветеност и подготвеност да придонесе во заедничката борба против транснационалниот криминал. Ќе продолжиме заедно да ги јакнеме капацитетите, да ја унапредуваме размената на информации и да инвестираме во новите генерации полициски професионалци“, истакна генералниот секретар на Интепрол, Валдеси Уркиза.

Инаку, по 26 години повторно се враќа и средното полициско училиште. Првата генерација на 200 ученици, од септември ќе престојува во интернат во Идризово каде што ќе има обуки и предавања. Условите за упис вклучуваат добро здравје, психофизичка способност и најмалку „добар“ успех. По успешното завршување на школувањето, МВР ќе им обезбеди на матурантите работно место како полицајци.

Најнови вести од: Македонија

Нов голем успех за македонскиот филм „17“ – награда и во Херцег Нови

По големиот успех на Сараевскиот филмски фестивал и низа други престижни меѓународни фестивали, македонскиот долгометражен филм „17“, во режија на Косара Митиќ, ја освои Златната мимоза за режија на 39. Филмски фестивал во Херцег Нови

БулМак го одбележа Денот на рударите и десетгодишниот јубилеј

На свеченоста присуствуваа сопственикот Николај Вaлканов, раководството предводено од Георги Вaлканов, директорот Владимир Темелковски, градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, раководителот на рудникот „Тораница“, Денис Ѓоргиевски, како и претставници на државните институции, локалната самоуправа, деловни партнери и соработници

Муцунски од Израел: Директна авиолинија, посилни економски врски и унапредување на соработката во туризмот

Сакаме да бидеме порта кон Европа не само за израелските туристи, туку и за израелските компании. Можеме да бидеме и влезна точка за израелските инвеститори кон европски пазар чиј потенцијал сè уште не е целосно искористен од израелската бизнис-заедница

ВМРО-ДПМНЕ: Платите растат по околу 370, а пензиите по 300 денари месечно

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека економските резултати најдобро се мерат преку конкретни бројки, а бројките јасно покажуваат дека со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ платите и пензиите растат значително побрзо

To top