Македонија

Твој ритам. Твој избор.

Постои еден момент кога сфаќаш дека денот не треба да изгледа исто како вчера. Дека не мораш да брзаш, да се прилагодуваш, да „фаќаш“ распоред што не е твој

Lake O'hara in Yoho National Park with waterfront carbin.

Постои еден момент кога сфаќаш дека денот не треба да изгледа исто како вчера. Дека не мораш да брзаш, да се прилагодуваш, да „фаќаш“ распоред што не е твој.

Туку обратно.

Денот може да почне да се прилагодува на тебе.

Во тој ритам, малите работи прават најголема разлика. Да завршиш обврска без да излезеш од дома. Да не чекаш ред. Да не губиш време на нешто што може да се реши со неколку клика. Решенија како дигиталните услуги на MTEL (повеќе на www.mtel.mk ) не се само практични – тие ти враќаат контрола.

А кога веќе ја имаш таа контрола, почнуваш да избираш поинаку.

Не сакаш договори што те ограничуваат. Сакаш слобода да смениш план, да тргнеш на викенд без многу размислување, да бидеш спонтан. Припејд опциите стануваат дел од таа леснотија – не затоа што мораш, туку затоа што ти одговараат.

Истиот принцип важи и кога конечно ќе седнеш да одмориш. Повеќе не брзаш дома за да „фатиш“ нешто на телевизија. Сега содржината те чека тебе. Со Move TV, денот продолжува по твој распоред – пауза, премотување, гледање кога тебе ти одговара.

А понекогаш, најдобриот дел од денот е токму кога ќе избегаш од сè.

Некаде каде што е тивко. Каде што сигналот не е секогаш сигурен, но мирот е. И сепак, сакаш да задржиш дел од твоите навики – филм навечер, натпревар, нешто познато. Со mSAT TV, и тие моменти остануваат комплетни, без разлика каде си.

И не е сè само во личните избори.

Постојат приказни што се градат со години. Спортисти што вложуваат сè од себе, ден по ден, чекор по чекор. И таму, некаде зад сцената, постои поддршка што не се гледа секогаш, но прави разлика. Поддршка што верува во потенцијалот уште пред да стане успех.

Сите овие моменти, брзи, мирни, спонтани или посветени – се дел од истата слика.

Живот што не се живее по однапред зададено сценарио, туку по чувство.

На крајот, не се работи за технологија. Ниту за пакети, услуги или опции.

Се работи за тоа како живееш.

Дали го бркаш денот – или го водиш.

Твој ритам. Твој избор.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски во Берлин на собир на ,,Коалицијата на волните”

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска во Берлин учествуваше на состанокот на Коалицијата на волните посветен на актуелната состојба во Украина и напорите за постигнување мир

АмЧам: Реформите, иновациите и меѓународните стандарди предуслов за подобра здравствена заштита

Американската стопанска комора во Македонија е акредитиран член на Стопанската комора на Соединетите Американски Држави и на мрежата на Американски стопански комори во Европа, организација која претставува 49 Американски стопански комори од 47 земји во Европа и Евроазија.

Велјановски до опозицијата: Не може да се заборави како ја пљачкавте државата

На денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет каде се дискутираше Предлог-Буџетот за 2027 година, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски, кажа дека и покрај долговите наследени од претходната влада, предводена од СДС, кои се тежок товар за државата, оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со силни инвестиции, со работа на фискална консолидација, но и со зајакнување на здравствената и социјалната заштита на граѓаните.

Ристески: Клучен приоритет на Владата е да ги задржи младите во Македонија

Законот за сезонски работници што е во сила од 1 јануари 2026 година, сѐ уште не ги дава очекуваните резултати, но ова не е закон направен за една година. Затоа организираме информативни средби и настани со помош на медиумите, стопанските комори, работодавачите и синдикатите – за да ги анимираме луѓето дека пензионери, студенти, оние кои сакаат дополнително да работат и сите категории невработени лица можат да го искористат, без притоа да го изгубат стекнатиот статус, да имаат комплетно пензиско и здравствено осигурување, фер ангажман, платен работен час колку што се ангажирани дополнително и со тоа да остварат дополнителни приходи – рече денеска заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Општина Охрид ги засилува активностите за затворање на депонијата „Буково“ и воспоставување нов систем за комуналниот отпад

Завршена е постапката за избор на проектант за изработка на техничката документација за затворање на нестандардната депонија „Буково“, а во тек се и активностите за изградба на претоварна станица кај Мауцкер и собирен центар во Охрид. Претоварните станици и Регионалниот центар за управување со отпад во Новаци се очекува да бидат функционални во 2030 година. Ова беше истакнато на денешната средба во Општина Охрид, посветена на новиот Регионален план за управување со отпад и воспоставувањето интегриран систем за Југозападниот и Пелагонискиот плански регион.

Зафировски за признанието на Михаилова за ДАНС: Ова е бугарска пародија, во која самата се излаја за поврзаноста со тајните служби

Срамота и давање автогол, бугарска пародија во која Ива Михаилова самата недоветно се излаја за улогата на тајните служби и бугарската ДАНС во целиот нејзин „случај“, посочи безбедносниот аналитичар Воислав Зафировски во „За македонските работи“ со Љупчо Цветановски. Недораснато дете кое избрза и искрено си кажа се што треба и не треба, класичен автогол во полза на Македонија за случај кој беше поддржан и од највисоките бугарски функционери.

Најнови вести

To top