Македонија

Гостивар во страв: Граѓаните тврдат дека заболени има се повеќе

Надлежните институции издадоа забрана водата од градскиот водовод да се користи за пиење и подготовка на храна, сè додека не бидат познати резултатите од лабораториските анализи.

Здравствената криза во Гостивар предизвикува сè поголема загриженост во јавноста, додека граѓани тврдат дека бројот на лица со стомачни тегоби и симптоми на труење е значително поголем од официјално објавените податоци. Според досегашните информации, околу 1.200 лица, меѓу кои и деца, побарале медицинска помош во гостиварската болница. На социјалните мрежи, сепак, жители на градот пишуваат дека речиси и да нема семејство во кое барем еден член нема симптоми. Новинарката Анастасија Богдановска посочува дека во Гостивар живеат 59.770 жители, во 20.054 домаќинства и 27.954 станови, оценувајќи дека реалниот број на заболени може да биде многу поголем од досега соопштениот.

Водата забранета, причината сè уште непотврдена

Надлежните институции издадоа забрана водата од градскиот водовод да се користи за пиење и подготовка на храна, сè додека не бидат познати резултатите од лабораториските анализи. Од друга страна, градоначалникот на Гостивар и директорката на јавното претпријатие за водовод и канализација тврдат дека засега нема официјални докази дека водата од чешмите е причина за масовните стомачни инфекции. Токму ваквите спротивставени пораки дополнително ја зголемуваат недовербата кај граѓаните, кои бараат брзи и јасни одговори од институциите.

„Како 1.200 луѓе одеднаш јаделе расипана храна?“

На социјалните мрежи се споделуваат бројни реакции исполнети со страв, револт и барања за одговорност. Новинарката Мери Јордановска прашува како е можно околу 1.200 граѓани во период од само неколку дена да добијат симптоми на труење, а причината да се бара во расипана храна или високите температури.

  • „Како 1.200 граѓани баш во овие три дена од топлото добиле симптоми на труење и сите јаделе расипана храна? Па дали имаме IQ во минус? Со овој скандал се плука по достоинството и основните човекови права на граѓаните и одговорноста не смее да биде изоставена. Во лето без вода, во зима без воздух, што повеќе?“, реагира Јордановска.

Додека се чекаат официјалните лабораториски резултати, граѓаните се повикуваат да не ја користат водата од водоводот за пиење и подготовка на храна и да ги следат исклучиво информациите од надлежните институции.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба

Во Салцбург основана нова македонска православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина, откако митрополитот европски Пимен даде благослов за нејзино основање во рамките на Европската епархија на Македонската Православна Црква

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае

Таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската

To top