Македонија

Бугарски евродепутати бараат внимание за случајот со Љупчо Георгиевски

Расизмот и говорот на омраза кон Македонците за бугарските евродепутати е израз на културна иницијатива

Двајцата бугарски известувачи во сенка во Европскиот парламент за извештајот за пристапувањето на Република Македонија во ЕУ, испратиле писмо до сите европски пратеници во врска со осудата на Љупчо Георгиевски, претседател на здружението „Културен центар Иван Михајлов“ во Битола, кое е во меѓувреме распуштено.

Како што соопшти прес-центарот на бугарската партија „Възраждане“ во саботата, писмото го потпишале Станислав Стојанов, водач на партијата „Европа на суверените нации“ и заменик-претседател на нејзината група во Европскиот парламент, и европратеникот Ивајло Валчев.

Во писмото се посочува дека одлуката на Апелациониот суд во Битола, кој ја потврди условната затворска казна од една година за Георгиевски, претставува „длабоко загрижувачки развој на настаните“ во Македонија и поставува сериозни прашања за почитувањето на Копенхашките политички критериуми и основните вредности на Европската Унија.

Евродепутатите го оценуваат случајот како значаен судски преседан. Тие потсетуваат дека Георгиевски најави дека ќе ја обжалува пресудата пред Европскиот суд за човекови права. Според нив, осудата е особено проблематична бидејќи активностите на здружението биле мирни културни и историски иницијативи.

„Оваа кривична осуда испраќа длабоко загрижувачки сигнал во однос на слободата на изразување, културните права и можноста граѓаните отворено да се изјаснуваат како Бугари“, се наведува во писмото.

Двајцата известувачи во сенка сметаат дека станува збор не за изолиран случај, туку за дел од поширок тренд.

Дополнително, Ангел Георгиев од „Възраждане“, претседател на Комитетот за политика кон Бугарите во странство во бугарското Народно собрание, испратил посебно писмо по истото прашање до сите известувачи за Македонија.

Случајот со Љупчо Георгиевски се однесува на објавени цитати од Иван Михајлов на Фејсбук-страницата на здружението, поради што тој е осуден за ксенофобија, расизам и ширење на расна омраза преку електронски средства.

Најнови вести од: Македонија

Дали гостиварци пиеја деновиве вода, загадена и со фекални води, вбризгувани со пумпите во водоводот?! – Фекални бактерии пронајдени во два испитани примерока!

Според неофицијални информации, извештајот на Институтот за јавно здравје покажува дека од четирите испитани примероци на вода, во два се пронајдени фекални колиформни бактерии, а во еден примерок е утврдено и зголемено присуство на хлор.

Мицкоски: Повторно лоша вест за опозицијата, нема да банкротираме ниту оваа година!

Премиерот Христијан Мицкоски очекува солиден раст на БДП, реализација на капиталните инвестиции и начинот на кој, и покрај предизвиците и надворешните фактори, ја консолидираат македонската економија. Тој Верува дека доаѓа времето кога граѓаните ќе ги почувствуваат резултатите од целата работа.

Полицијата ги уапси директорката на гостиварски „Комуналец“ Артана Асани, техничкиот директор Леон Нуредини и раководителот на водоводот Вадедин Дервиши!

Започнува расплетот на ситуацијата околу случувањата со загадувањето на водата во гостиварскиот водовод и кој е сѐ виновен и одговорен околу тоа и заболувањето илјадници граѓани, кои ја пиеја загадената вода!

To top