Ромапрес јавува за официјалната посета на претседателката на Република Индија, Драупади Мурму, на Република Македонија која беше одбележана со свечена вечера организирана од претседателката на државата, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова.
На вечерата присуствуваа високи државни функционери, претставници на дипломатскиот кор, како и истакнати личности од повеќе општествени сфери.
Порталот пишува дака тоа што посебно дала голема важност што меѓу поканетите беа и истакнати претставници на ромската заедница, со што беше испратена силна порака за почитување на мултикултурниот карактер на државата и придонесот на Ромите во македонското општество.
На свечената вечера присуствуваа м-р Доан Сулејманоски, м-р Реџеп Али Чупи, проф. Бајса Арифовска и други.
На приемот присуствуваше и министерот без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, Ерџан Демир.

Посетата на претседателката Мурму претставува историски момент во билатералните односи меѓу Северна Македонија и Индија, но воедно има и посебна симболика за ромската заедница. Имено, научните истражувања со децении укажуваат дека Индија се смета за прататковина на ромскиот народ, а јазичните и културните сличности меѓу ромскиот и индиските јазици претставуваат значајна тема во светската лингвистика и историографија.

Во оваа насока, неизбежно е да се спомене и огромниот придонес на покојниот професор Шаип Јусуф, кој беше еден од најистакнатите истражувачи на ромскиот јазик. Во текот на својата научна кариера тој повеќепати ја посетуваше Индија, каде ги истражуваше корените на ромскиот јазик и култура. Во своите научни трудови и јавни настапи често говореше за историските, јазичните и културните врски меѓу ромскиот народ и Индија, секогаш нагласуваше дека овие поврзаности претставуваат важен дел од колективната меморија и идентитет на Ромите.

Присуството на истакнати претставници на ромската заедница на овој државнички прием дополнително ја нагласува важноста на ромската заедница во општествениот живот на Македонија и симболично ја потврдува историската поврзаност меѓу ромскиот народ и Индија, јавува Ромапрес.