Македонија

Партија на пензионери: Поддршка за новиот предлог- КЗ! Конфискуваниот имот да оди за социјалната заштита, здравството и стандардот на пензионерите!

Партијата на пензионери дава целосна поддршка за новиот предлог-закон за Кривичниот законик на Македонија, со кој се предвидуваат построги казни за корупција и криминал меѓу носителите на јавни функции. Од партијата, сепак, сметаат дека се потребни дополнително заострување на казнените мерки и суштински реформи во правосудниот систем.

Во соопштението посочуваат дека злоупотребата на службената положба мора најстрого да се санкционира, а предлагаат и целосно одземање на имотот за кој функционерите не можат да докажат дека е стекнат со легални приходи, вклучително и имот пренесен на членови на семејството и блиски соработници.

Партијата бара конфискуваните средства да се насочуваат кон социјалната заштита, здравството и подобрување на животниот стандард на пензионерите и ранливите категории, како и доживотна забрана за вршење јавна функција за лицата правосилно осудени за коруптивни дела.

Во однос на правосудниот систем, предлагаат проверка на имотната состојба и професионалниот интегритет на судиите и обвинителите, деполитизација на Судскиот совет, забрзување на постапките за предмети поврзани со висока корупција и поголема независност на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Од Партијата на пензионери порачуваат дека законите мора да важат подеднакво за сите граѓани, без оглед на функцијата или политичката припадност.

Најнови вести од: Македонија

ЕУ го натерала Вучиќ да ги повлече војниците и полицијата од Пионирскиот парк, за да спречи судири и граѓанска војна?!

Европската Унија извршила притисок врз Александар Вучиќ во изборната ноќ да ги повлече војниците и полицајците од Пионирскиот парк во Белград, бидејќи постоел страв дека ситуацијата може да ескалира во граѓанска војна. Ова го тврди поранешната амбасадорка на Белгија во Србија, Дениз де Хауер, во интервју за телевизијата „Инсајдер“.

Архимандрит Царкњас: Прашањето на Македонците во соседните земји треба да се споменува од страна на македонските власти

Во Штип се одржа традионалната „Егејска вечер“ и семакедонска средба. Архимандритот Никодим Царкњас нагласи дека прашањето на Македонците во соседните земји треба да се споменува од страна на македонските власти.

Кекеновски: До каде ќе одат бугарските власти со непријателската политика кон РМ?! Дали е за нив Михајлова само средство за политички притисок?!

До каде ќе одат бугарските власти со непријателската политика кон Македонија? До каде се подготвени да одат одредени бугарски институции во својата политика кон Македонија и што навистина се крие зад нивната толку често повторувана приказна за добрососедството? Дали зад дел од приказните за заштита на Бугарите во Македонија се крие организирано политичко и медиумско влијание, во кое најверојатно учествуваат и структури на бугарските безбедносни служби? – прашува универзитетскиот професор Јове Кекеновски во својата колумна со наслов „До каде ќе одат бугарските власти со непријателската политика кон РМ?“, која ја објави „Курир“.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ го расчистија теренот за сватот на Ахмети да му ги чува и да му ги препродава акциите на Давор Мацура!

Во позадина на случајот Алта Банка стојат бизнис интереси на СДС и ДУИ, Бесими ја отворил темата на Влада а фирма на сватот на Ахмети зела 5 милиони евра кредит, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Денес „Танец“ со најпрепознатливите бисери на македонскиот фолклор на турнеја во Малта

Националната установа Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“ продолжува со својата меѓународна мисија за презентација и чување на македонското културно наследство. Денеска ансамблот ќе одржи целовечерен концерт во престижната сала„St. Vincent de Paul Theatre“ во Лука, Малта – инфомираат од ансамблот.

Од денес возилата задолжително треба да имаат пропишана зимска опрема

Од денеска, 15 ноември возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата, задолжително треба да ја поседуваат пропишаната зимска опрема. Зимски гуми се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS“, „M+S“, „M & S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. Како што информира Министерството за внатрешни работи (МВР), задолжителното поседување зимска опрема е согласно со одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

ШОКАНТНО: Бугарски истражувач открива дека Ива Михаилова е заложник на бугарската тајна служба (ВИДЕО)

Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар Станислав Цанов, во кое се објавени аудиоразговори со Ива Михаилова со сериозни тврдења за закани и психичко малтретирање од бугарската тајна служба ДАНС.

Одбележани 82 години од ослободувањето на Ѓорче Петров

Со свечена церемонија и положување цвеќе, денеска беше одбележана 82- годишнината од ослободувањето на Општина Ѓорче Петров -14 Ноември, ден кој претставува траен симбол на слободата, храброста и пожртвуваноста на генерациите кои се бореле за подобра иднина.

Најнови вести

To top