Македонија

ЕУ го натерала Вучиќ да ги повлече војниците и полицијата од Пионирскиот парк, за да спречи судири и граѓанска војна?!

Европската Унија извршила притисок врз Александар Вучиќ во изборната ноќ да ги повлече војниците и полицајците од Пионирскиот парк во Белград, бидејќи постоел страв дека ситуацијата може да ескалира во граѓанска војна. Ова го тврди поранешната амбасадорка на Белгија во Србија, Дениз де Хауер, во интервју за телевизијата „Инсајдер“.

 

Таа посочува дека Брисел не бил само набљудувач на случувањата во Србија пред изборите на 25 октомври и во текот на изборниот ден, туку активно следел што се случува и интервенирал за да спречи можен судир.

„Токму благодарение на Европската Унија, Вучиќ ги повлече војниците и полицијата од Пионирскиот парк. Унијата изврши притисок врз него да не започне нешто што можеше да заврши со граѓанска војна“, изјавила Де Хауер.

Таа смета дека ЕУ и претходно внимателно ја следела политичката ситуација во Србија, а сега, по победата на студентската листа на парламентарните избори, земјата има можност да започне ново поглавје.

Поранешната амбасадорка оценила дека во овој момент најважно е да се обнови функционирањето на институциите, да се зачува економската стабилност и да не се дозволи политичките промени да се претворат во одмазда кон противниците.

„Сега не е време за одмазда или пресметки со политичките противници, туку за работа на реформите во институциите. Европската Унија е тука и подготвена да помогне“, рекла таа.

Де Хауер, која била белгиска амбасадорка во Белград од 2006 до 2011 година, се осврнала и на односот на Брисел кон власта на Српската напредна партија. Според неа, ЕУ со години ѝ давала предност на стабилноста на Западен Балкан, понекогаш занемарувајќи ги проблемите со функционирањето на институциите во Србија.

Како една од причините за таквиот пристап ги посочила блиските врски на СНС со Европската народна партија (ЕПП), на која ѝ припаѓа и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Вучиќ имаше блиски врски со ЕПП во Брисел, бидејќи СНС и понатаму е придружна членка. Тоа го штитеше. Тој манипулираше со српскиот народ, но и со Унијата“, оценила Де Хауер.

Таа објаснила дека Вучиќ, кога притисокот од ЕУ станувал посилен, прифаќал ограничени законски измени за да покаже дека Србија напредува кон европско членство. Но, според неа, по враќањето во земјата, пред домашната јавност испраќал сосема поинаква порака, претставувајќи ги европските барања како услови што не се во интерес на Србија.

Како дополнителна причина поради која Брисел долго бил внимателен кон Белград, Де Хауер го посочила и косовското прашање. Според неа, европските институции верувале дека Вучиќ е единствениот политичар кој може да постигне договор за Косово, но тој на крајот не го решил спорот.

Таа нагласила и дека ЕУ не бара од Србија формално да ја признае независноста на Косово, посочувајќи дека пет земји членки на Унијата сè уште не ја признаваат косовската независност.

Како уште еден мотив за политиката на Брисел го навела стравот дека, доколку Србија се оддалечи од ЕУ и остане без европска финансиска поддршка, би можела уште повеќе да се приближи кон Русија и Кина.

Де Хауер тврди дека ЕУ е најголемиот инвеститор, донатор и трговски партнер на Србија, но дека придонесот на Унијата не бил доволно претставен пред српската јавност. Според неа, во медиумите и на билбордите почесто се истакнувала помошта од Русија и Кина, додека европската поддршка останувала во сенка.

На крајот, поранешната амбасадорка изразила надеж дека Србија може да влезе во подобар политички период, а на студентското движење му ја пофалила храброста и способноста да се организира без еден централен лидер.

Најнови вести од: Македонија

Архимандрит Царкњас: Прашањето на Македонците во соседните земји треба да се споменува од страна на македонските власти

Во Штип се одржа традионалната „Егејска вечер“ и семакедонска средба. Архимандритот Никодим Царкњас нагласи дека прашањето на Македонците во соседните земји треба да се споменува од страна на македонските власти.

Кекеновски: До каде ќе одат бугарските власти со непријателската политика кон РМ?! Дали е за нив Михајлова само средство за политички притисок?!

До каде ќе одат бугарските власти со непријателската политика кон Македонија? До каде се подготвени да одат одредени бугарски институции во својата политика кон Македонија и што навистина се крие зад нивната толку често повторувана приказна за добрососедството? Дали зад дел од приказните за заштита на Бугарите во Македонија се крие организирано политичко и медиумско влијание, во кое најверојатно учествуваат и структури на бугарските безбедносни служби? – прашува универзитетскиот професор Јове Кекеновски во својата колумна со наслов „До каде ќе одат бугарските власти со непријателската политика кон РМ?“, која ја објави „Курир“.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ го расчистија теренот за сватот на Ахмети да му ги чува и да му ги препродава акциите на Давор Мацура!

Во позадина на случајот Алта Банка стојат бизнис интереси на СДС и ДУИ, Бесими ја отворил темата на Влада а фирма на сватот на Ахмети зела 5 милиони евра кредит, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Денес „Танец“ со најпрепознатливите бисери на македонскиот фолклор на турнеја во Малта

Националната установа Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“ продолжува со својата меѓународна мисија за презентација и чување на македонското културно наследство. Денеска ансамблот ќе одржи целовечерен концерт во престижната сала„St. Vincent de Paul Theatre“ во Лука, Малта – инфомираат од ансамблот.

Од денес возилата задолжително треба да имаат пропишана зимска опрема

Од денеска, 15 ноември возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата, задолжително треба да ја поседуваат пропишаната зимска опрема. Зимски гуми се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS“, „M+S“, „M & S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. Како што информира Министерството за внатрешни работи (МВР), задолжителното поседување зимска опрема е согласно со одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

ШОКАНТНО: Бугарски истражувач открива дека Ива Михаилова е заложник на бугарската тајна служба (ВИДЕО)

Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар Станислав Цанов, во кое се објавени аудиоразговори со Ива Михаилова со сериозни тврдења за закани и психичко малтретирање од бугарската тајна служба ДАНС.

Одбележани 82 години од ослободувањето на Ѓорче Петров

Со свечена церемонија и положување цвеќе, денеска беше одбележана 82- годишнината од ослободувањето на Општина Ѓорче Петров -14 Ноември, ден кој претставува траен симбол на слободата, храброста и пожртвуваноста на генерациите кои се бореле за подобра иднина.

Филмот „17“ е номиниран за „Европско откритие“, што го доделува ФИПРЕСЦИ на Европските филмски награди

Филмот „17“, дебитантско долгометражно остварување на режисерката Косара Митиќ, е номиниран за 39. Европски филмски награди во категоријата „Европско откритие – Награда ФИПРЕСЦИ“ (European Discovery – Prix FIPRESCI).

Најнови вести

To top