Македонија

Мицкоски: До крајот на оваа седмица технички исправна вода во Гостивар, за пиење се очекува кон крајот на идната, откако целосно ќе се испере системот

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на неделава водата во Гостивар технички да биде исправна, а кон крајот на следната недела и безбедна за пиење, доколку сите активности се реализираат според предвидената динамика.

Одговарајќи на новинарско прашање при пуштањето во употреба на реконструираниот градски базен во Кавадарци, Мицкоски изјави дека во решавањето на проблемот се вклучени екипи од ЈП „Водовод и канализација“ од Скопје и експерти.

– Ако биде сѐ како што треба, бидејќи се вклучија екипи од скопски водовод и експерти, јас очекувам до крајот на оваа недела да имаме технички исправна вода во Гостивар. Сега треба да се пристапи кон целосно перење на системот за да може да добиеме вода која што ќе има нормални граници на хлор и која што ќе биде добра за техничка употреба. Планот е кон крајот на идната недела таа вода да биде добра и за пиење – изјави Мицкоски.

Тој посочи дека надлежните продолжуваат со активностите на терен, оценувајќи дека состојбата во општината претставува дополнителен предизвик.

– Работиме и таму, таа летаргија која што ја зафати општината после овој случај претставува предизвик за сите нас, но, тоа е што е, иако не се ингеренции тоа на Владата, ние како Влада ќе сториме сѐ што е во наша моќ да час поскоро профункционира системот и да се стави во употреба – рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Кузманоска: Во следните години Македонија треба да врати долг од околу 8 милијарди евра, направен од власта на СДС и ДУИ, а не се знае за што ги потрошија!

„Кога СДС зборува за задолжувањето мора да се потсетиме на многу важен факт: во следните неколку години Македонија треба да врати близу 8 милијарди евра, земени кога беа на власт СДС и ДУИ. Не се создадени вчера долговите, што треба да ги враќа Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, денес и во следните години.“ – нагласи Билјана Кузманоска, пратеничка од ВМРО ДПМНЕ во денешното обраќање кон јавноста. 

Сиљановска-Давкова: Заветот од АСНОМ не’ обврза каква држава да создадеме

Дрржава не се гради само со демократските избори и со конституирањето на институциите, туку со градење на функционални институции, со одбрана и заштита на човековите права и со почитување на највисоките стандарди, не само на домашното туку и на меѓународното право, порача претседателката на Македонија

To top