Македонија

Техеран испрати команданти на ИРГЦ и воена опрема за Хутите во Јемен

Цел – зајакнување на напади во Црвеното Море

Иран овој месец испратил команданти на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), воени советници и опрема поврзана со ракетни и беспилотни системи во Јемен, објави Ројтерс, повикувајќи се на четири извори запознаени со случајот.

Според извештајот, целта на Техеран е да ги зајакне воените способности на Хутите и нивната можност да го загрозат поморскиот сообраќај во Црвеното Море.

Два ирански извори, јеменскиот министер за информации и регионален безбедносен аналитичар изјавија за Ројтерс дека на 13 јули авион на компанијата „Махан Ер“ полетал од Техеран кон Јемен, превезувајќи меѓу 10 и 21 припадник на ИРГЦ, меѓу кои и високи команданти, како и воена опрема.

Според еден од изворите, командантите биле испратени за да ги поддржат операциите на Хутите и да ги обучуваат за користење нови ракетни системи. Со летот било испратено и злато за финансирање на активностите на групата.

Авионот првично требало да слета во Сана, но по напад врз аеродромот бил пренасочен кон пристанишниот град Ходеида, кој е под контрола на Хутите.

Јеменскиот министер за информации Моамер ал-Иријани, повикувајќи се на разузнавачки информации, изјави дека мисијата на иранските припадници била да ги зајакнат воените капацитети на Хутите и да ги подготват за операции што би можеле да ја загрозат безбедноста на меѓународниот поморски сообраќај во Црвеното Море и теснецот Баб ел-Мандеб.

Безбедносниот аналитичар Мзахем Алсалоум тврди дека дел од товарот содржел компоненти за ракети со краток и среден дострел, како и делови за беспилотни летала.

Од друга страна, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, изјави дека летот на 13 јули бил организиран за враќање на делегација на Хутите од Техеран, каде што присуствувале на погребот на ајатолахот Али Хамнеи, како и за транспорт на јеменски државјани кои се лекувале во Иран. Тој негираше дека летот бил наменет за префрлање воени сили.

Најнови вести од: Македонија

Јаревски: Не е „Алта банка“ ни ТАТ, ни Лавци, ниту пак „Еуростандард“

Банката е ликвидна, обезбедени се штедните влогови, заштитени се и доверителите. Мерките што ги презема Народната банка се веднаш промптни, уште од самиот викенд. Немаме стечај, немаме пропаѓање на банката“, рече пратеникот

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Проширувањето не е само политичко и економско прашање, туку и безбедносно, особено во време на геополитички тензии коишто се закана за мирот во Европа

(Фото): Лукровски во Охрид ја подигна наградата „Младински пријателски град“

Пораката од форумот беше дека квалитетната младинска работа и функционалните младински центри се клучни за враќање на довербата на младите во институциите и создавање услови тие својата иднина да ја градат во сопствените општини.

To top