Македонија

Јаревски: Не е „Алта банка“ ни ТАТ, ни Лавци, ниту пак „Еуростандард“

Банката е ликвидна, обезбедени се штедните влогови, заштитени се и доверителите. Мерките што ги презема Народната банка се веднаш промптни, уште од самиот викенд. Немаме стечај, немаме пропаѓање на банката“, рече пратеникот

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревки, еден од потписниците кои барале веднаш да се одржи надзорна расправа, синоќа во „Топ тема“ на „Телма“ рече дека е добро тоа што се одржа Надзорната распава.

Тој го обвини СДСМ дека целта била да направи штета затоа што е деструктивна партија.

„Нивната интенција е оваа банка да отиде во стечај, бидејќи такво им е искуството, како ТАТ, Еуростандард… па сега обидуваат да го пресликаат тоа и тука, а тука тоа не е случај. Имаше одговор на сите прашања што беа поставени, немаше простор за ниту една нејаснотија. За првпат во историјата фатени во нивната немоќ и разобличени и тие бараат пауза“, рече Јаревски.

Јаревски рече дека „алта банка не е загрозена .

„Банката е ликвидна, обезбедени се штедните влогови, заштитени се и доверителите. Мерките што ги презема Народната банка се веднаш промптни, уште од самиот викенд. Немаме стечај, немаме пропаѓање на банката“, рече пратеникот.

На прашањето дали нема политички влијанија или каква било институционална грешка во издавањето на дозволата, тој тврдеше дека институциите постапиле „до запирка согласно словото на законот“, бидејќи банкарскиот систем е најрегулиран.

„Не постои порегулирана сфера од банкарскиот систем. Во тој процес на сите четири нивоа, сите четири филтри што ги прави Народната банка – проверка на сопственоста, санкционите листови, финансиско разузнавање, меморандум на соработка со Народната банка на Србија, сите чекори што се направени не укажува дека таму имаме според елемент. Немаме ситуација каде што ни пропаѓа банка“, рече Јаревски.

Пртходно, во своето обраќање за време на надзорната расправа вчера, Јаревски рече добро е што  сите релевантни фактори  што имаа искази.

Како што рече, со тоа ни помогнаа да сфатиме дека сепак има разлика од она што бевме научени порано и дека случајот со Алта банка Битола не е ниту ТАТ, ниту Лавци, ниту Алфа С, ниту пак Еуростандард и дека можеби тоа се токму причини, некогаш во некои диви времиња кога исто така државата беше предводена од СДС, да се направи регулација на овој пазар или на оваа дејност, која што ќе ме исправите ако грешам, можеби најрегулирана во сите сфери и од тој аспект токму тие се мерки, инструменти и чекори коишто се преземаат за такви случувања да не се повторат“

„И во овој случај ниту имаме стечај, ниту имаме пропаѓање, ниту имаме неисплатени побарувања, ниту неисплатени штедни влогови итн., туку имаме мерка на администрација и каде што можеби сите констатираме дека Народната банка брзо реагирала, соодветно реагирала, ги искористила правите инструменти, секторот е стабилен, банката е ликвидна и дека имаме услови, дури и колегата спомена, мала промена во наративот во првот  дел од расправата дека имаме услови каде што банката има основа да биде ставена на продажба и понатаму да функционира“.

 

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Проширувањето не е само политичко и економско прашање, туку и безбедносно, особено во време на геополитички тензии коишто се закана за мирот во Европа

(Фото): Лукровски во Охрид ја подигна наградата „Младински пријателски град“

Пораката од форумот беше дека квалитетната младинска работа и функционалните младински центри се клучни за враќање на довербата на младите во институциите и создавање услови тие својата иднина да ја градат во сопствените општини.

(Фото): Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји.

To top