„Првото издание на Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“ го означува почетокот на една нова ера, каде културата станува дел од развојот, идентитетот и меѓународната промоција на главниот град.
Со заложба на познати институции и уметници градиме традиција која Старата чаршија ќе ја претвори во важен центар на уметноста и културата во регионот“ најавуваат од ВРЕДИ.
„Учеството на големи имиња во уметноста, како што се Инва Мула и Дешира Ахмети, заедно со надлежните институции, докажува дека кога има визија и волја, Скопје може да организира настани со меѓународни стандарди. Целата оваа активност не би се реализирала без посветеноста на првиот човек на Чаир, Изет Меџити, кој со својата работа ѝ дава виталност и нова димензија на Чаршија.
Ова е само почеток на традицијата која ќе расте од година во година„
ВРЕДИ останува посветена на културата да не биде украс на политиката, туку развојен приоритет. Затоа што инвестирањето во културата е инвестирање во идентитетот, во туризмот, во економијата и во иднината на државата.
Манифестацијата „Чаршија“ е доказ дека со визија, работа и посветеност се градат вредности кои остануваат. Овој фестивал е победа на културата, на уметниците и на сите граѓани“, велат од ВРЕДИ.