Македонија

Најчевска за ,,министерот во сенка на Косово”: Глумеше борец за правата на Македонците

Екс министерот обвинет дека предизвикал далекусежна штета за Македонија

Професорката Најчевска вели дека Бујар Османи бил ,,министер во сенка на Косово” кој глумел борец за правата на Македонците.

,,Бујар Османи се обидува да се прикаже како борец за правата на Македонците и борец за интересите на Македонија”, оценува Најчевска за која Османи предизвикал огромна штетаза Македонија.

,,Факт е дека Бујар Османи беше министер во сенка на Косово и од таа позиција неовластено и без никакви консултации потпиша Протокол со кој Македонија ја доведува во подредена положба во однос на Бугарија и кој има далекусежни негативни последици врз државата”, порачува професорката.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски: Бујар нека не држи лекции што е прифатено, а што не, знае добро што преговараше и прифаќаше!

„Бујар Османи последен има право да држи лекции за тоа што е прифатено, а што не. Тој многу добро знае што преговараше, што прифаќаше и во каква позиција ја остави државата. Затоа, денес нека не троши енергија за да ги извртува фактите и да толкува туѓи изјави.“ – реагира министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на својот фејсбук-профил кон последните тврдења на Бујар Османи, потпретседател на ДУИ и поранешен министер за надворешни работи, инаку потписник на спорниот Втор протокол.

Домашното производство покри речиси 97 отсто од потрошувачката на струја во мај

Домашното производство на електрична енергија речиси целосно ги задоволи потребите на граѓаните и стопанството во текот на месец мај годинава, покажуваат најновите претходни податоци за енергетиката на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Николоски: Во следните месеци ќе се пуштат 10 километри од автопатот Охрид-Кичево, најсложените за сообраќај (Видео)

Изградбата на автопатот Охрид – Кичево се реализира со забрзана динамика. Интензивно се градат галериите, во следните месеци ќе се пуштат најкомплицираните 10 километри за сообраќај, соопшти на својот фејсбук-профил вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој и овој викенд врши увид во градежните активности.

To top