Нетанјаху изјави дека има намера да биде во Њујорк во септември на годишниот собир на светските лидери на Обединетите нации, и покрај предупредувањето на градоначалникот дека не е добредојден.
„Тој треба да биде градоначалник на сите њујорчани – Евреи, христијани, муслимани, сите“, изјави Нетанјаху за Фокс њуз. „Но, тој се обидува да спротивстави една група против друга“.
Мамдани минатата недела изјави дека иако Њујорк нема законско овластување да изврши налог за апсење издаден од највисокиот суд за воени злосторства во светот, тој ја охрабрува федералната влада да го стори тоа. Сепак, појасни дека нема намера да ги менува законите за да го овозможи ова
„Верувам дека премиерот Нетанјаху припаѓа во Хаг. Тој е обвинет од Меѓународниот кривичен суд како воен злосторник. Ова е мислење што го делат многу луѓе поради последиците од неговите постапки во последните години“, нагласи градоначалникот.
Сепак, тој појасни дека како градоначалник ќе се придржува до важечкото законодавство.
На прашањето какви се неговите конкретни намери, тој одговори: „Ќе направиме сè што ни дозволува законот во Њујорк, но нема да пишуваме свои закони за таква цел“.
На прашањето што точно дозволува сегашното законодавство, Мамдани рече дека „се во тек активни консултации со правниот оддел“ на општината за оваа тема.
Нетанјаху ги отфрли обвиненијата за воени злосторства против него од страна на Меѓународниот кривичен суд како „лажни“.