Свет

Трамп ја отфрла можноста за апсење на Нетанјаху

Трамп му гарантира безбедност на Нетанјаху за време на престојот во САД

FILE PHOTO: President Donald Trump talks with Israel's Prime Minister Benjamin Netanyahu at the Knesset, Monday, Oct. 13, 2025, in Jerusalem. Evan Vucci/Pool via REUTERS/File Photo

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нема да биде уапсен за време на неговата посета на Соединетите Американски Држави. Со оваа изјава, Трамп реагираше на неодамнешните тврдења на градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани.

На својата социјална мрежа „Трут социјал“, Трамп порача дека Нетанјаху „нема да биде уапсен, на никаков начин и во ниту една форма“ додека престојува во САД. Тој истакна дека израелскиот премиер се бори против Иран, притоа упатувајќи остри обвинувања кон иранските власти.

Изјавата на Трамп доаѓа откако Мамдани, во поткаст на „Њујорк тајмс“, изјави дека правниот сектор на неговата администрација ја разгледува можноста за апсење на Нетанјаху доколку тој присуствува на Генералното собрание на Обединетите нации во септември.

„Верувам дека Нетанјаху треба да биде во Хаг. Тој е обвинет пред Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства“, рече Мамдани.

Во 2024 година, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на Бенјамин Нетанјаху и поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант, поради наводни воени злосторства и злосторства против човештвото поврзани со војната во Газа.

Најнови вести од: Свет

Зеленски: „Деновите на безбедност на руското небо се завршени“

Ги предупреди меѓународните авиокомпании и осигурителите компании дека интензивирањето на нападите со украински дронови ќе го направи рускиот воздушен простор сè поопасен и би можело ефикасно да доведе до негово затворање

За три дена Џорџија Мелони ќе стане „најдолговечниот премиер“ во историјата на Италија

Во земја некогаш синоним за политичка нестабилност, првата жена премиер ќе ја води истата италијанска влада 1.413 дена, еден ден подолго отколку што Силвио Берлускони успеа во текот на неговите четири мандати

Најнови вести

To top