Македонија

Набавиле хлор пред јавноста да дознае за загадената вода

Истрагата за случајот со загадената вода во Гостивар се проширува, а Обвинителството побарало обемна документација од повеќе институции

Меѓу документите што се анализираат се финансиската документација од Општина Гостивар, тендерите за набавка на хлор распишани пред јавноста да биде информирана за епидемијата, наредбите и комуникацијата меѓу Општината и ЈП „Комуналец“, како и извештаите на Центарот за јавно здравје – Тетово, особено оние од 29 јуни и 13 јули, дознава ТВ 24

Дел од документацијата веќе е доставена и се испитува, додека за останатиот дел сè уште се чека. Во рамки на постапката ќе биде извршено и финансиско вештачење, а документите од Општината ќе се споредуваат со оние од ЈП „Комуналец“, ЦЈЗ – Тетово и извештаите испратени до Институтот за јавно здравје.

„Издадени се наредби за прибирање обемна документација од Општина Гостивар, ЈП ‘Комуналец’, гостиварската болница ‘Д-р Ферид Мурад’ и ЦЈЗ – Тетово. Дел од истрагата е насочен кон финансиските извештаи и тендерите, а друг дел кон наредбите и одлуките за поставување на водните пумпи, кои исто така се предмет на вештачење“, наведува извор од истрагата за ТВ24.

Министерот за здравство Сашо Клековски во интервју за ТВ24 изјави дека ќе се испитува и дали имало обид случајот да биде прикриен.

Најнови вести од: Македонија

Денеска се очекува да протече исправна вода низ гостиварскиот водовод

Последните анализи покажуваат добри резултати по спроведеното хиперхлорирање на водоводната мрежа, а надлежните институции денеска треба да ја потврдат исправноста на водата за техничка употреба, изјави вчера премиерот Мицкоски

To top