Македонија

Гостивар доби техничка вода: Нема повеќе колиформни бактерии, но забраната за пиење останува

Надлежните вршат нови анализи, загриженоста кај жителите не стивнува

По десетдневната целосна забрана, водата од градскиот водовод во Гостивар од денеска може да се користи за одржување на личната хигиена и хигиената во домовите. Сепак, од надлежните институции нагласуваат дека таа сè уште не е безбедна за пиење и за подготовка на храна.

Според последните лабораториски испитувања, техничката вода што тече од чешмите повеќе не содржи колиформни бактерии. Од надлежните служби ја смируваат јавноста и уверуваат дека состојбата континуирано се следи и редовно се вршат нови анализи. Сепак, точен датум кога водата повторно ќе биде за пиење засега нема.

Пуштањето на техничката вода не ја промени многу состојбата на теренот. Пред пунктовите за дистрибуција и денеска се формираа долги редици од граѓани кои чекаат за флаширана вода. Меѓу гостиварци преовладува скептицизам и страв, па голем дел од нив порачуваат дека нема да ја користат водата од чешма ниту за хигиенски потреби.

Паралелно со ова, здравствените власти регистрираат нови случаи со стомачни тегоби. Од Министерството за здравство информираа дека во текот на вчерашниот ден лекарска помош побарале 127 лица со симптоми на ентероколит.

Сè додека водата од градскиот водовод не ги исполни сите стандарди за безбедност, флашираната вода останува единственото решение за жителите на Гостивар.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

To top