Македонија

Мисајловски: Продолжува осовременувањето на Армијата со нова опрема, униформи и вооружување

Министерот за одбрана Владо Мисајловски најави дека Армијата во наредниот период ќе добие значително нова опрема и вооружување, оценувајќи дека процесот на модернизација ќе овозможи нејзино зајакнување на, како што рече, највисоко ниво во историјата.

За време на посетата на касарната „Јане Сандански“ во Штип Мисајловски истакна дека Министерството за одбрана годинава е фокусирано на реализација на најголемите проекти за модернизација. – Сите оклопни возила „Страјкер“ веќе пристигнаа во државата. Очекувам до крајот на следниот месец да завршат сите активности за нивна адаптација и тие да бидат ставени во функција – изјави Мисајловски.

Тој најави дека до крајот на годинава се очекува испорака и на противвоздушните системи „Мистрал“, два хеликоптера и десет оклопни возила од Турција. Според министерот, паралелно се спроведуваат и повеќе постапки за набавка на ново вооружување, како и тендери за нова опрема за припадниците на Армијата.

– Во завршна фаза е постапката за набавка на повеќе од 4.000 униформи, а во тек е и набавката на околу 4.000 пара чизми. Истовремено работиме и со Европскиот мировен фонд, а се формира и нов фонд за модернизација кој ќе овозможи набавка на современи системи со поголема огнена моќ – рече Мисајловски.

Тој оцени дека резултатите од модернизацијата веќе се видливи, како во делот на инфраструктурата, така и во опремувањето на Армијата. – Следната година ќе има уште многу договори и проекти со кои Армијата дополнително ќе се зајакне. Чекор по чекор ја градиме модерна и силна армија – истакна Мисајловски.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба

Во Салцбург основана нова македонска православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина, откако митрополитот европски Пимен даде благослов за нејзино основање во рамките на Европската епархија на Македонската Православна Црква

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае

Таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската

To top