Новоименуваниот амбасадор на Македонија во Украина, Димитар Блажевски, му ги предаде акредитивните писма на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој ѝ се заблагодари на Македонија за нејзината политичка поддршка и за учеството во Коалицијата на волјата, како и за тековниот дијалог во формат на земјите од Јужна Европа.
„Северна Македонија, Србија, Грција – да, навистина го немавме овој формат порано. Го пробавме еднаш, а сега гледаме дека овој формат е многу добар. Сакаме да продолжиме“, рече Зеленски во разговорот со Блажевски..
Двајцата соговорници разговараа и за поддршката на енергетскиот сектор, снабдувањето со специјална опрема за зимски подготовки и обновата на Украина, соопшти кабинетот на шефот на украинската држава.
Заедно со Блажевски своите акредитации на Зеленски му ги поредадоа и новите шефоци на дипломатските претставништва на Франција, Холандија, Обединетите Арапски Емирати и Оман.