Македонија

Владата прогласи вонредна состојба

Прогласувањето кризна состојба на целата територија на Македонија, почнувајхќи од денеска е поради зголемените ризици и опасности од пожари на отворен простор и шумски пожари, и ќе трае 30 дена

На вчерашната седница, Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија, поради зголемените ризици и опасности од пожари на отворен простор и шумски пожари, во времетраење од 30 дена, почнувајќи од 1 август 2026 година.

Одлуката е донесена со цел навремено, координирано и ефикасно справување со состојбата на терен, како и максимално мобилизирање на сите расположливи институционални капацитети за заштита на животите на граѓаните, нивниот имот и природните ресурси.

Во рамките на донесената одлука се предвидува активирање на Главниот штаб при Центарот за управување со кризи, кој ќе биде во постојано заседавање и во рок од 24 часа ќе изготви акциски план за превенција и справување со пожарите, преглед на расположливите човечки и материјално-технички ресурси, како и план за координирано дејствување на сите надлежни институции.

Владата ги задолжи сите органи на државната управа да постапуваат согласно со прописите за управување со кризи и во целост да ги стават на располагање своите капацитети, со цел навремена и ефикасна реакција на терен.

Оваа одлука претставува потврда за определбата на Владата да постапува проактивно, со целосна мобилизација на институциите и со јасна одговорност во заштитата на граѓаните, животната средина и националните ресурси.

Најнови вести од: Македонија

Ферати: Од 139 вработени една третина немаат основни услови за работа

Нониот министер на Министерството за односи меѓу заедниците вне може така лесно да се ослободи и досега вработените, па планира да организира обуки за нив за да може да им се доделат конкретни работни задачи

Кој и зошто му го хакирал мејлот на главниот државен ревизор Максим Ацевски?!

Хакиран бил мејлот на главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, соопшти Државниот завод за ревизија. Можеби е некакво совпаѓање, но Ацевски само еден ден претходно, на 30 јули во интервју за ТВ 24 изнесе дека гостиварското јавно претпријатие „Водовод“ уште од 2007 година работи неодговорно и неефикасно, а неговата сметка во континуитет е блокирана.

To top