Македонија

Сиљановска-Давкова го прими српскиот премиер, една од темите процесот Брдо – Бриони

Една од темите на разговорот бил процесот Брдо – Бриони кој откако годинава во Мај пропадна во Хрватска треба да се случи во Македонија.

Претседателката Гордана
Сиљановска-Давкова во вилата „Билјана“ во Охрид го примила српскиот премиер, Ѓуро Мацут.

,,Во вилата „Билјана“ се сретнав со српскиот премиер, проф. д-р Ѓуро Мацут, придружуван од македонскиот премиер проф. д-р Христијан Мицкоски.

Особено ми беше драго што, покрај политичките функции, тројцата нè поврзува и академската професија, којашто секогаш отвора простор за содржаен и аргументиран дијалог”, објави Сиљановска-Давкова која открива дека на средбата биле разменети мислења за актуелните регионални, европски, и меѓународни прашања, со особен осврт на претстојниот Самит на процесот Брдо-Бриони, којшто во ноември ќе се одржи во Охрид.

Процесот Брдо – Бриони кој е иницијатива на Словенија и Хрватска беше откажан во Мај откако дојде до конфликт меѓу хрватскиот претседател Милановиќ и српскиот претседателката Вучиќ.

Во обид да се спаси долгогодишниот процес сега Македонија ќе биде домаќин на сите земји од регионот.

Сиљановска-Давкова додава дека во разговорот била истакната важноста од негување на добрососедските односи и соработка.

Спрскиот премир вчера имаше одвоена средба и со македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

Средба на македонскиот и на српскиот премиер во Охрид

Најнови вести од: Македонија

Ферати: Од 139 вработени една третина немаат основни услови за работа

Нониот министер на Министерството за односи меѓу заедниците вне може така лесно да се ослободи и досега вработените, па планира да организира обуки за нив за да може да им се доделат конкретни работни задачи

To top