Сојузот на Македонците со исламска религија со голема тага информира дека почина почесниот претседател Исмаил Бојда.
,,Изгубивме голем човек,патриот,другар и пријател. Целиот свој живот го посвети на заложбите за правата на Македонците кои припаѓаат на исламската религија и во тој контекс неговите дела ќе остана како пример за идните генерации како треба да сте горд што му припаѓате на Македонскиот народ но и Почестен и Горд што и припаѓате на Исламската религија. Рахмет и џенет. Бог да го прости нашиот пријател Исмаил Бојда”, објави претседателот на Сојузот на Македонците со исламска религија Латиф Пајковски.
Исмаил Бојда е македонски национален и културен деец, еден од најпознатите и најактивните претставници на Македонците со исламска вероисповед од областа Гора. Тој е познат како продолжувач на делото на професор д-р Нијази Лиманоски и поетот Саме Лимани Жарноски, и долгогодишен борец за зачувување и афирмација на македонскиот етнички идентитет кај муслиманското население, независно од религијата.
Основни биографски податоци
Роден е на 6 октомври 1954 година во селото Брод, Општина Драгаш (тогаш Автономна Република Косово и Метохија, денес Република Косово), во областа Гора.
Завршил средно техничко училиште – машински смер во Скопје, како и Виша машинска школа.
Општествена и културна активност
Бојда беше еден од лидерите на Сојузот на Македонците со исламска религија (СМИР), каде што бил претседател, а подоцна и почесен претседател.
Од 1994 година бил именуван за претседател на Културно-научната манифестација на Македонците-муслимани – непартиска асоцијација која се грижеше за културните и националните вредности на оваа заедница.
Тој активно работи на зачувување на македонскиот јазик, обичаи, традиции и идентитет кај Македонците-муслимани во Македонија, Косово, Албанија, Турција и пошироко. Спротивставува се на обидите за асимилација, турцизација, албанизација или создавање на посебна „торбешка“ националност, истакнувајќи дека националната припадност се добива со раѓањето, додека религијата може да се промени. Според него, Македонците со исламска вероисповед се нераскинлив дел од македонскиот народ (процени за бројот се движат околу 40.000–100.000 во Македонија).
Во 2012 година ја објави книгата „Бојда – корени на националниот идентитет“, издание на Сојузот, која ги брани македонските етно-национални корени и содржи стории и коментари за Македонците-муслимани.