Македонија

Се судрија два хеликоптера што гаснеа пожар во Грција

Видео

Два хеликоптера што учествувале во гаснењето на големиот пожар западно од Атина се судриле за време на интервенцијата, соопшти грчката Противпожарна служба.

„За време на операцијата за гаснење пожар во областа Псата, два хеликоптера кои учествуваа во акцијата се судрија. Веднаш беа мобилизирани спасувачки екипи и во тек е операција за пребарување и спасување на екипажите“, се наведува во соопштението.

Екипажот од еден од хеликоптерите, составен од двајца пилоти, е пронајден. Според првичните информации, тие биле свесни и можеле да комуницираат веднаш по несреќата. Со возило на Итната помош се пренесени во Општата воздухопловна болница во Атина.

Засега нема информации за нивната здравствена состојба, ниту за судбината на екипажот од вториот хеликоптер.

https://expres.mk/makedonija/tretiot-er-traktor-se-vrati-od-servis-i-e-vo-funktsija/

Двата хеликоптера полетале од воздухопловната база Елефсина.

Најнови вести од: Македонија

Струмички пожарникари спасиле мајка и дете паднати во провалија кај манастирот „Св. Илија“

Од Територијалната противпожарна единица Струмица информираат дека спасувачката акција започнала околу 05:15 часот, кога тим од пожарникари-спасители бил испратен на местото на настанот

Николоски од Крушево: Илинденските идеали ги продолжуваме со работа, инвестиции и развој

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска од Крушево, градот-симбол на Илинден и македонската државност, упати порака по повод 2 Август – Илинден, нагласувајќи дека овој датум претставува симбол на вековната борба на македонскиот народ за слобода, самобитност и сопствена држава

To top