Македонија

Битола пред Илинден беше музички центар на Балканот

Здравко Чолиќ одржа спектакуларен концерт во Битола, каде пред повеќе од 15.000 посетители ги испеа своите најголеми хитови и ја обедини публиката од целиот Балкан

Битола беше музичкиот центар на Балканот во пресрет на Илинден. Легендарниот Здравко Чолиќ одржа тричасовен концерт на стадионот „Петар Милошевски“, пред повеќе од 15.000 посетители. Публиката, која пристигна од цела Македонија и од соседните земји, пееше во еден глас со балканската музичка икона, претворајќи ја вечерта во вистински спектакл.

Градот беше преполн со гости од Македонија и од регионот, а концертот се претвори во собир на повеќе генерации кои заедно ги пееја неговите најпознати песни. Чолиќ изведе низа безвременски хитови, кои со децении се дел од музичката меморија на Балканот. Со препознатливата сценска енергија и комуникација со публиката, тој уште еднаш потврди зошто важи за еден од најголемите музички ѕвезди на овие простори.

Посебни емоции предизвика моментот кога Чолиќ ја рецитираше песната „Битола, мој роден крај“, што беше поздравено со долги аплаузи.

Настанот беше во организација на „Авалон продукција“, а ова беше единствениот концерт на Здравко Чолиќ во Македонија ова лето. Интересот беше огромен уште од најавата, бидејќи пејачот во последните години бележи рекордни посети на своите настапи низ целиот регион.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО ДПМНЕ: ЈО да ги провери наводите на Филипче за криминал од 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите, потпишан од Славјанка Петровска!

„Венко Филипче се огласи со сериозни јавни наводи во врска со набавката на хеликоптери и договорот што, според неговата изјава, бил потпишан од Славјанка Петровска. Филипче јавно изјави дека Петровска „потпишала за 37 милиони евра поскап договор за набавка на хеликоптери, откако комисијата донела друга одлука“. Ова се сериозни наводи кои не смеат да останат само на ниво на партиски пресметки.“ – нагласува ВМРО ДПМНЕ во својата реакција.

Манифестот на АСНОМ на ГШ на НОВ и ПОМ од 3.10.1943 – еден од најважните документи во македонската национална и политичка историја

„Македонски народе! Македонци и Македонки! Браќа и сестри на нашата поробена, ама никога непокорена татковина! Нашата млада војска, под славното знаме на Крушовската република, победоносно чекори и смело гази на кај исполнуењето на својата голема идеја – ослободуењето на Македонија. “  – стои во Манифестот на АСНОМ на Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија, кој му е упатен на македонскиот народ на денешен ден, на 3 октомври 1943 од борбените позиции кај селото Црвена Вода на Караорман планина, во историската Дебрца. Манифестот на Главниот штаб на НОВ и ПОМ од 3 октомври 1943 година е првиот стратешки и програмски документ упатен директно до македонскиот народ во текот на Втората светска војна. По своето историско значење, тој се смета за рамноправен со Крушевскиот манифест од 1903 година, бидејќи ја постави цврстата платформа за идната македонска државност.

Еден од најголемите случаи во поновата историја на Македонија сѐ уште без одговор: кој стоел зад атентатот врз Глигоров на 3.10.1996?

Пред 31 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.

Најнови вести

To top