Според последните информации на Центарот за управување со кризи (ЦУК), во моментов нема активни пожари.иако текот на изминатото деноноќие низ државата биле регистрирани вкупно 30 пожари на отворен простор.
Од ЦУК информираат дека 29 пожари се целосно изгаснати, додека еден пожар е ставен под контрола.
Надлежните служби продолжуваат да ја следат состојбата на терен и апелираат до граѓаните да бидат внимателни при престој во природа, особено поради високите температури и зголемениот ризик од избувнување пожари.