Македонија

Димитриевски: Не доликува претседателот на Собранието да не биде присутен на „Илинден“

Се знае редот, за 2 Август секогаш претседателот на државата оди на едно од трите значајни места за Илинден, премиерот оди на второто, а претседателот на Собранието на третото

 

„Дали ќе живееме во еден лажен свет во кој ќе си покажуваме лице едни на други или, пак, ќе се соочиме со фактот дека Македонија е независна држава и дека им припаѓа на сите нејзини граѓани, но притоа се вика Македонијa која сакаме да ја делиме сите, но и да ја надоградуваме. Ако вие не ги почитувате елементарните датуми за создавање на државата и државноста, тогаш де факто не ја почитувате ни државата“, вели лидерот на ЗНАМ во вчерашното интервју за „Сител“.

„Да зависевме од волјата на останатите, како што денеска ги нарекуваме етнички заедници, а во минатото народности или делови од народи, ние немаше да имаме независна држава, туку ќе бевме составен дел како во минатото на некоја друга соседна држава или повторно распарчена на неколку делови. Така што, тука сме ние, ќе ја заштитиме и државноста и сè додека има Македонци, ќе има и Македонија“, потенцираше Максим Димитриевски.

Собранискот спикер Африм Гаши не беше присутен на годинашната свеченост по повод одбележување на 2 Август. Наместо Гаши, кој замина на конференција во Египет, собраниската делегација ја предводеше потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, кој се обрати на народниот собир на Мечкин Камен

Тој ниту минатата година не присуствуваше на државните манифестации по повод Илинден, тогаш поради здравствени причини. Собраниската делегација лани ја предводеше собраниската потпретседателка Весна Бендевска, која положи цвеќе на Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.

Најнови вести од: Македонија

ТАВ АЕРОДРОМИ: Охридскиот аеродром постави нов рекорд – раст на патничкиот сообраќај од 41% во јули; македонските аеродроми со раст од 28% се меѓу најбрзорастечките во Европа, според ACI Europe

Додека аеродромите во Охрид и Скопје го имаа најуспешниот јули досега, поставувајќи историски рекорди во македонскиот воздушен сообраќај, ACI Europe повторно ги рангира македонските аеродроми меѓу најбрзорастечките во Европа.

„СВЕТОТ ЦРТА – ВЕЛЕС ИЗЛОЖУВА“: РЕКОРДЕН БРОЈ НА ДЕЛА НА МЕЃУНАРОДНИОТ СТРИП КОНКУРС

Централниот настан и свеченото отварање на Меѓународниот стрип салон, придружено со прогласувањето на најдобрите трудови, ќе се одржи на 19 август 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во просториите на Европската куќа (Europe House) во Велес.

To top