Триесет и четиригодишен скопјанец е приведен откако управувал автомобил под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода во Скопје.
Како што соопшти МВР, на 6 август околу 15:10 часот на улицата „Пролет“, И.А.Л. (34) од Скопје, управувајќи автомобил „матиз“ со скопски регистарски ознаки, учествувал во сообраќајна незгода со автомобил „хонда“, управувано од 20-годишниот Д.П. од Скопје.
Во незгодата била причинета материјална штета, дознава Скопје 1
При увидот, полициските службеници утврдиле дека И.А.Л. возел под дејство на алкохол.
Со алкотест му биле измерени 3,29 промили алкохол во крвта.
Возачот бил лишен од слобода во 17:00 часот, за случајот бил известен јавен обвинител, а возилото му било одземено. објави Скопје1.мк