Македонија

Ахмети не се откажува од македонското знаме

Ахмети го постави македонското државно знаме и на средбата со американската дипломатка

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, на средбата со вршителката на должност амбасадорка на САД, Никол Варнс одржана во партиското седиште во Мала Речица, повторно го поставил македонското државно знаме.

На фотографиите од средбата јасно се гледа дека зад соговорниците, покрај албанското знаме, знамето на ДУИ, американското, европското и знамето на НАТО, стои и официјалното знаме на Македонија.

Ова е продолжение на одлуката на Ахмети, донесена пред околу две недели, за првпат по 24 години да го постави државното знаме во својата канцеларија. Тогаш знамето беше видено за време на средбата со австрискиот амбасадор Мартин Памер, а самиот лидер на ДУИ изјави дека тоа било направено по сугестија на странски амбасадори и дека отсекогаш бил за унитарна држава.

Средбата со американската дипломатка се одржа во формална атмосфера, во која беа присутни и други претставници од двете страни.

Најнови вести од: Македонија

Иселувањето има поголемо влијание од наталитетот, реагира демографот Герасимовски

Македонија губи првачиња со рекордно темпо. Демографијата, иселувањето и намалениот наталитет оставаат последици врз бројот на ученици и работната сила, предупредува Дончо Герасимовски.

(Фото): Портокалова фаза, температура до 40 степени

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минимална температура: 13°C до 23°C. Максимална температура: 33°C до 40°C.

To top