Фудбалерите на Шкендија се враќаат со сите три бода од гостувањето во Скопје, кадешто го совладаа шампионот Вардар со 2:0 во дербито на второто коло во Првата македонска фудбалска лига.
Двоен стрелец за тетовските „црвено-црни“ беше Сенегалецот Фабрис Тамба во 52. минута и во 76. минута.
За тетовци ова е силен ветер во грбот пред реваншот со Хибернијан од третото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА в четврток исто така на Националната арена „Тодор Проески“.