Македонија

Димитриевски: 20 години ја делеа Македонија, сега ДУИ и СДСМ делат лекции за државништво

Политичките партии кои биле дел од власта не можат да избегаат од своето политичко наследство и од одлуките што ги носеле додека управувале со државата.

 

Лидерот на ЗНАМ ова го кажа во гостувањето во емисијата „Вести плус“ на Канал 5, осврнувајќи се на политичките односи во земјата и на, како што оцени, недоволната комуникација меѓу власта и опозицијата во изминатите години.

Тој ги критикуваше СДСМ и ДУИ, обвинувајќи ги дека по долгогодишно учество во власта денес се обидуваат да ја критикуваат актуелната власт и да даваат лекции за државништво.

Димитриевски порача дека политичките партии кои биле дел од власта не можат да избегаат од своето политичко наследство и од одлуките што ги носеле додека управувале со државата.

Додаде уште дека „со СДСМ расчистивме многу одамна, уште кога сметавме дека државата ја водат во многу лоша насока“.

За актуелните случувања во СДСМ, Димитриевски посочи дека дел од луѓето кои денес ги критикуваат состојбите претходно биле дел од системот во кој, според него, имале влијание.

Димитриевски се осврна и на ДУИ, оценувајќи дека со нејзиното заминување во опозиција е променета политичката ситуација во земјата.

Димитриевски порача дека СДСМ и ДУИ треба да се соочат со сопственото политичко наследство и со резултатите од периодот во кој биле дел од власта.

Неговата порака е дека политичката одговорност, според него, треба да се мери преку конкретните одлуки и резултати, а не само преку политички изјави и партиски прес-конференции.

Најнови вести од: Македонија

To top