Македонија

Даниловски: Авионското прскање ништо не му може на тигрестиот комарец

Тие комарци се лоши летачи, тие се при дното на тлото, во разни грмушки, итн. и тука одозгора не им можете ништо, вели епидмиологот

Би било премногу едноставно ако причината за состојбата на епидемија на западнонилска треска во која се наоѓаме се сведе на лоша дезинсекција во минатото, тоа не е моноетиолошка работа, туку повеќе причинска состојба, изјави универзитетскиот професор и епидемиолог, Драган Даниловски во  интервју на ТВ Телма.

Прогласена епидемија на западнонилска треска во три скопски општини

„Имаме климатски промени последните години, сè повеќе се случува климатското затоплување се зголемува. Летата траат подолго, гледате што се случува со топлотните бранови. Тоа се климатски услови кои што се погодни за размножување на комарците и други инсекти, што може да бидат вектори на заразни болести.

Кај нас се случи кружење на вирусот внатре во нашата територија во природниот циклус меѓу комарците и птиците како природни резервоари. Значи веќе случаите што се кај нас се веќе автохтони, наши, не се увезени. Тоа е исто така втора причина. Трета причина е веројатно, кога се планирани оние календарски дезинсекции, премногу се инсистираше на аерозапрашување или аеропрскање. Во ситуација кога имаме тигрести комарци сè повеќе, аеропрскањето не значи ништо.

Тие се лоши летачи, тие се при дното на тлото, во разни грмушки, итн. и тука одозгора не им можете ништо. Тука единствено доаѓа предвид онаа терестрична, локална дезинсекција“, истакна Даниловски.

Според него, ова што сега се прави, не се превентивни, туку се противепидемиски мерки.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

To top