Македонија

Прогласена епидемија на западнонилска треска во три скопски општини

Oд почетокот на годината има 24 потврдени пациенти заболени од западнонилска треска, а двајца се сомнителни

Здравствените власти прогласија епидемија од западнонилска треска во три скопски општини – Кисела Вода, Гази Баба и Бутел, како и во приградската Илинден, дознава Фактор

Според здравствените власти, од почетокот на годината има 24 потврдени пациенти заболени од западнонилска треска, а двајца се суспектни. Дваесет се хоспитализирани на Инфективната клиника од кои пет се во тешка состојба.

Најголем дел од заболените се пензионери.

Еден заболен пациент почина. Тој имал 83 година и според здравствените власти имал повеќе коморбидитети. Пет пациенти кои се примени на Инфективната клиника се во критична состојба и се на механичка вентилација.

Најнови вести од: Македонија

To top