Хроника

(Видео): Трагедија кај Омиш: Животот го загуби 34-годишната Драгана од Босна и Херцеговина во големиот пожар

По потрагата, во јавноста беше објавена трагичната вест дека во пожарот бил загубен еден млад живот, а беше упатено и сочувство до семејството на Драгана.

Триесет и четиригодишната Драгана Антешевиќ од Котор Варош во Босна и Херцеговина го загубила животот во големиот пожар што го зафати подрачјето кај Омиш во Хрватска. Таа во Хрватска престојувала како сезонска работничка. За Драгана претходно беше пријавено дека е исчезната на 13 август во местото Станиќи, за време на пожарот. Според информациите објавени во хрватските медиуми, таа се наоѓала во автомобил со уште две лица додека се обидувале да избегаат од огнената стихија. Во еден момент се оддалечила од возилото, по што ѝ се изгубила трагата.

По потрагата, во јавноста беше објавена трагичната вест дека во пожарот бил загубен еден млад живот, а беше упатено и сочувство до семејството на Драгана.

  • „За жал, се случи најлошото. Во синоќешниот пожар кај Омиш беше загубен еден млад живот. Искрено сочувство до семејството на починатата Драгана Антешевиќ, која во Хрватска дојде од соседна Босна и Херцеговина. Почивај во мир“, се наведува во пораката.

Според досега објавените информации, едно од лицата со кои Драгана се наоѓала во автомобилот е тешко повредено.

Во меѓувреме хрватските власти соопштија дека состојбата со пожарите кај градот Омиш е задоволувачка, а пожарот е под контрола. Сепак, на големата линија на фронтот повремено се појавуваат чад и оган, па пожарникарите одговараат на секоја дојава од граѓаните.

На тешко пристапното подрачје зад планината Омишка Динара дејствуваат воздушните сили, додека пожарникарите на копно го гасат остатокот од жариштето. Причината за пожарот сè уште се истражува, земени се примероци и се прегледуваат снимки. Граѓаните изразуваат сомнежи дека пожарот е подметнат, но официјална информација за причините сè уште нема.

Четири повредени лица се пренесени на клиниките во Загреб. Оттаму велат дека тројца од нив се во тешка состојба.

  • „Се работи за две машки и едно женско лице на возраст од 18 до 46 години. Сите се со тешки изгореници што зафаќаат од 40 до 50 проценти, па сè до 70 проценти од кожата. Во овој момент се бориме за нивните животи, односно ги стабилизираме нивните витални функции“, изјави раководителката на Одделот за анестезиологија и интензивно лекување при Клиниката за трауматологија, Тихана Магдиќ Турковиќ.

Министерката за здравство Ирена Хрстиќ изјави дека по првичната стабилизација било логично дел од пациентите да се преместат од Сплит во Загреб, со цел сплитската единица за интензивно лекување да може да продолжи да се грижи за постојните пациенти, особено за време на туристичката сезона.

Најнови вести од: Хроника

Полициска акција на Македонија, Косово и Грција: разбиена криминална група, запленети 300 килограми марихуана

Во голема меѓународна полициска акција, која во изминатиот период се спроведуваше координирано на територијата на повеќе држави, сузбиена е меѓународна криминална група осомничена за трговија со наркотици, при што се уапсени неколку лица, а запленети се околу 300 килограми марихуана.

Груби останува во куќен притвор до 13 септември – судењето почнува на 24 август

„Поранешниот вицепремиер Артан Груби останува во куќен притвор, кој му е продолжен до 13 септември 2026 година, откако беше поднесено обвинение за случајот ‘Лотарија’.“ – информираат од Кривичниот суд. 

To top