Полициски службеници од Дебарското одделение за внатрешни работи денеска лишија од слобода пет лица, сите жители на село Броштица, Општина Центар Жупа, поради физички напад врз лице од село Могорче.
Од Секторот за внатрешни работи – Охрид информираа:
„Денеска во 00:20 часот од страна на полициски службеници лишени се од слобода А.В.(19), Н.В.(53), А.В.(50), С.В.(32) и Р.Н.(19) сите од село Броштица, Центар Жупа.“
Постапувајќи по претходна пријава од лекар од Општата болница со проширена дејност во Дебар, дека со повреди е примен С.Р.(28) од село Могорче, дебарско, полицијата ги презеде потребните мерки.
„По преземени мерки е констатирано дека на семејна веселба во село Броштица, по претходно недоразбирање С.Р. бил физички нападнат од А.В., Н.В., А.В. и С.В. Од страна на А.В.(19) било пријавено дека истиот бил физички нападнат од Р.Н.“, додаваат од Секторот.
По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.