Македонија

Пожар голтна 20 куќи и плевни во Чаниште (ВИДЕО)

Пожарот избувнал на околу 200 метри од селото, најпрво гореле сува трева и нискостеблести грмушки на површина од околу три хектари но силниот пожар, набргу се проширил во селото

Во голем пожар што вчера попладне избувнал во близина на прилепското село Чаниште и брзо се проширил кон селото,  биле опожарени повеќе од 20 куќи и плевни, а четворица жители побарале медицинска помош поради вдишување чад.

Пожарот избувнал на околу 200 метри од селото, најпрво гореле сува трева и нискостеблести грмушки на површина од околу три хектари. Силниот пожар, меѓутоа, набргу се проширил кон Чаниште и навлегол меѓу објектите во селото.

Во огнот биле зафатени над 20 куќи и плевни, а поради густиот чад четворица жители морале да побараат помош од екипа на Итната медицинска помош.

Чаниште се наоѓа во прилепскиот дел на Мариово и е дел од Општина Прилеп. Селото се наоѓа во ридско-планински предел, што дополнително го отежнува гаснењето на пожарите и движењето на противпожарните екипи.

Засега нема официјални информации за точниот број целосно и делумно оштетени објекти, ниту за причината за избувнувањето на пожарот. За овие околности се очекуваат дополнителни информации од надлежните институции.

 

Најнови вести од: Македонија

Муцунски: Историјата, идентитетот, јазикот и културата се нашите црвени линии

Очекуваме систем на гаранции од европските институции и решение што ќе биде насочено кон заштита на нашите позиции поврзани со идентитетот, јазик, култура и историја, рече шефот на македонската дипломатија

Македонската армија слави 34-ти роденден

Со учество во меѓународни мисии, поддршка на цивилните институции, исполнување на НАТО-целите за способности и континуирана модернизација, таа останува посветена на својата основна мисија – заштита на независноста, територијалниот интегритет и безбедноста на државата и нејзините граѓани.

To top