Македонија

Четврти пациент (76) починат од западнонилска треска по 27 дена лекување на Инфективна клиника

Уште еден пациент во тешка здравствена состојба кај кого претходно лабораториски беше потврдена невроинвазивна форма на западнонилска треска почина на Универзитетската клиника за инфективни болести. Болнички згрижени се 20 пациенти со западнонилска треска, од кои 18 се лабораториски потврдени случаи, додека два случаја се водат клинички како сомнителни. На интензивна нега се пет пациенти со потешка клиничка слика и кај нив се одвива лекувањето според сите клинички протоколи, изјави денеска директорот на Клиниката Фадил Цана.

Цана посочи дека починатиот бил на возраст од 76 години и се лекувал 27 дена на Клиниката, но поради дополнителните придружни сериозни заболувања и тешката невроинвазивна форма на мозокот и мозочната обвивка во доцните попладневни часови настапи летален исход.

Вкупно четири лица починаа од западнонилска треска во земјава, а 15 се излекувани и се отпуштени од Клиниката за инфективни болести. – Тоа што и ние како клиничари го предвидувавме со вчерашниот ден се потврди дека кај 25-годишната пациентка која се водеше како клинички суспектна, се потврди невроинвазивна форма на инфекција. Но, во меѓувреме синоќа е хоспиталзииран и 24-годишен пациент, кој се води како сомнителен случај и во текот на денешниот или утрешниот ден ќе знаеме дали ќе се потврди клиничката дијагноза. Тој живее во Центар, рече д-р Цана.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали секој потврден позитивен случај мора да се лекува болнички или може да се третира амбулантски рече дека невроинвазивната форма мора да се лекува болнички.

– Сите кои се хоспитализирани на клиниката се со невроинвазивна форма. Тие се еден процент од 100 отсто заболени. Според статистиката, најтешка форма на болеста развиваат еден отсто од вкупниот број инфицирани. Сите пациенти се од Скопје. Медицински напреднатата возраст е независен ризик фактор за лошиот исход на оваа болест. Според сите статистики и истражувања досега е утврдено дека кога има тешка невроинвазивна форма на воспаление на мозокот и мозочната обвивка напредната возраст е независен ризик фактор кој може да доведе до лош исход, додаде д-р Цана.

Најнови вести од: Македонија

Велешките пожарникари заштитија две села од пожарот, кој од Велес премина во Зелениково и Студеничани

До 13 часот денес, на 18 август 2026 година регистрирани 12 пожари на отворено во Македонија, од кои пет се активни, еден под контрола, а шест се изгаснати. Во овој момент активен е пожарот, кој од Велес премина во Зелениково. Благодарност до велешките пожарникари кои значително го намалија и заштитија две загрозени села. Во Македонски Брод пожарот е значајно намален. Имаме пожар на територија на општина Студеничани село Рамни Габер, но тој е оддалечен и не загрозува ниту едно село, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов давајќи пладневен преглед за состојбата со пожарите во државата.

Мицкоски: Армијата на Република Македонија е повеќе од униформа, таа е симбол на чест, одговорност и посветеност!

„Честит 18 Август, Денот на Армијата на Република Македонија! Со чест и благодарност им оддаваме признание на сите наши војници, старешини и припадници кои со одговорност и достоинство ја извршуваат својата мисија, во служба на државата, нејзините граѓани и мирот.“ – објави претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на својот официјален фејсбук-профил.

Сиљановска-Давкова: Македонската Aрмија е чинител на стабилност, безбедност и доверба

Македонската Aрмија денес е високо организирана воена формација со професионален интегритет, оперативна доверливост и висока интероперабилност со сојузничките сили, порача претседателката на Република Македонија и врховен командант Гордана Сиљановска-Давкова на свеченоста по повод Денот на македонската Армија во Охрид.

Муцунски: Историјата, идентитетот, јазикот и културата се нашите црвени линии

Очекуваме систем на гаранции од европските институции и решение што ќе биде насочено кон заштита на нашите позиции поврзани со идентитетот, јазик, култура и историја, рече шефот на македонската дипломатија

To top