Свет

Трамп: Франција гори, затворете ги границите и преземете контрола

Франција гори! Имиграцијата на луѓе од сосема поинаков свет, луѓе со омраза во срцата, ја уништи таа некогаш голема земја

Американскиот претседател Доналд Трамп во објава на „Truth Social“ ги коментираше насилните протести што за време на викендот ја зафатија Франција и ги повика француските власти да ги затворат границите и да ја преземат контролата врз ситуацијата.

– Франција гори! Имиграцијата на луѓе од сосема поинаков свет, луѓе со омраза во срцата, ја уништи таа некогаш голема земја. Затворете ги границите и преземете контрола, пред да биде предоцна!, напиша Трамп.

Неговата реакција доаѓа откако протестите – првично поттикнати од високите трошоци за живот и лошата состојба на јавните услуги – прераснаа во насилни немири во неколку француски градови.

Властите проценуваат дека синоќа во протестите учествувале околу 550.000 луѓе, додека организаторите тврдат дека бројката е поблиску до 800.000.

Според француските медиуми, најмалку 1.800 лица се уапсени за време на судирите со полицијата, а повредени се повеќе од 500 полицајци, жандарми и пожарникари.

Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека вечерва ќе и се обрати на нацијата во врска со ескалацијата на насилството.

Најнови вести од: Свет

To top