
Во својата објава на општествената мрежа премиерот на македонската држава натаму истакнува: Армијата е многу повеќе од униформа.

Таа е чест, одговорност, дисциплина и посветеност. Таа е силата што стои зад сигурноста на државата и луѓето кои живеат во неа.

Нашата благодарност и почит се упатени кон сите активни припадници, ветерани и сите оние кои низ годините дале свој придонес во градењето на силна и професионална Армија, порача Христијан Мицкоски преку фејсбук.
