Македонија

Денеска до 39 степени, а наредните денови нов „пекол“

Во деновите од викендот ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град

Сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи за денеска

Минималната температура најниско ќе се спушти во Берово, до 13 степени. Најтопло ќе биде во Велес и во Демир Капија, со температура до 39 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 19 степени наутро, до 38 во текот на денот.

Следува период на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност.

Во деновите од викендот ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град.

Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени.

Најнови вести од: Македонија

Утрово активни пет пожари, од 37 регистрирани за 24 часа

На барање од директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, вчера конвој на Противпожарната бригада на Град Скопје се упати кон Мариово,  а против огнената стихија се ангажирани и триесетина војници

Зеколи: На 26 август камен-темелник на втората фаза од автопатот Скопјe-Блаце

Заменик-министерката за транспорт, оствари средба со министерот за инфраструктура и транспорт на Република Косово, Димал Баша, на која фокусот беше ставен на стратешките инфраструктурни проекти што ги поврзуваат двете соседни земји

Од септември бесплатни учебници за сите ученици од прво до четврто одделение

На 1 септември за секое дете од прво до четврто одделение ќе има учебници. Новата учебна година ќе стартува без проблеми со дистрибуцијата на бесплатните учебници, кои, според министерката за образование и наука Весна Јаневска, веќе се доставени до училиштата. Но оние училишта што навреме не пријавиле потребно количество ќе треба самите да обезбедат учебници бидејќи МОН испорачува според нарачаното.

To top